Exodus (37/40)  

1. И направи Веселеил од дрвото ситим ковчег, два и пол лакти висок;
2. го опкова одвнатре и однадвор со чисто злато и му направи златен венец наоколу;
3. излеа за него четири алки од злато за четири негови страни: две алки за едната страна, а две за другата;
4. направи лостови од дрвото ситим и ги опкова со злато;
5. и го провре лосотвите низ алките од обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи.
6. Потоа направи поклопец од чисто злато: во должива два лакти и половина, во ширина - лакот и половина.
7. Направи и два херувима од злато; исковани ги направи за двата краја на поклопецот;
8. едниот херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај; херувимите ги направи да се издаваат од обата краја на поклопецот.
9. И херувимите беа со раширени криља, одозгора, и со криљата свои го покриваа очистилиштето, а со лицата свртени еден спрема друг, и насочени кон очистилиштето.
10. Направи трпеза од дрвото ситим, со должина од два лакти и ширина од лакот, а лакот и половина во висина.
11. И ја опкова со чисто злато, и наоколу и‘ направи златен венец;
12. потоа и‘ направи страници наоколу, колку дланка широки, а по страниците и‘ направи златен венец.
13. Излеа за неа четири алки од злато, и алките ги прицврсти на четирите агли при четирите нозе,
14. на страниците имаше алки, низ кои беа проврени лостови, за да може трпезата да се носи.
15. А лостовите ги направи од дрвото ситим, за носење на трпезата, и ги покри со злато.
16. Потоа направи садови од чисто злато, определени за трпезата: чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ке се прелива.
17. Направи и свекник од чисто злато, за да свети го направи: стеблото и гранките, чашките, јаболчињата и цветовите му излегуваа од него на двете страни.
18. Гранките му излегуваа од страните: три гранки од свекникот од едната страна, а три гранки на свекникот од другата страна;
19. три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови имаше на едната гранка, а три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови на другата гранка; така беше на сите шест гранки што излегуваа од свекникот.
20. А на самиот свекник имаше четири чашки како бадемов цвет со јаболчиња и цветови:
21. едно јаболче беше под двете гранки од него, и едно јаболче под другите две гранки од него; така и под третите две гранки од шесет гранки што излегуваа од него.
22. Јаболчињата нивни и гранките нивни излегуваа од него; целиот искован од чисто злато.
23. И му направи седум кандилца, а и секачи и пепеларки од чисто злато;
24. од талант чисто злато го направи со сите негови потреби.
25. И направи жртвеник за кадење од дрвото ситим: лакот долг и лакот широк, четириаголен, два лакти висок; и од него му излегуваа роговите;
26. па го опкова со чисто злато одозгора и страните наоколу, а и неговите рогови; ми направи и златен венец наоколу;
27. и две алки од злато му направи под венецот на двата агли негови, ги направи од двете негови страни, за да се спроврат низ нив лостовите, за да може да се носи.
28. Лостовите ги направи од дрвото ситим, и го опкова со злато.
29. И направи миро за свето помазание и мирисно кадиво, чисто со вештина на мироварец.

  Exodus (37/40)