Exodus (36/40)  

1. И направија Веселеил и Елијав и сите способни лу е, на кои им беше дадена мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, тоа се‘ како што беше заповедал Господ.
2. И ги повика Мојсеј Веселеила и Елијава и сите мудри лу е, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, што од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат.
3. И тие ги зедоа од Мојсеја сите дарови што ги беа принеле синовите Израилеви за потребите на светилиштето за да се изработат. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро.
4. Тогаш дојдоа сите вешти лу е, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, што сами ја вршеа,
5. па му рекоа на Мојсеја - "Народот принесува повеке отколку што е потребно за да се направи, како што заповеда Господ."
6. И Мојсеј разгласи во таборот, велејки: "Ни маж ни жена да не принесува ништо повеке како дар за светилиштето:" И народот престана да принесува,
7. зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
8. Тогаш сите вешти лу е, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од ткаенина со препредена пре а и од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; и на нив направија уметнички извезени херувими.
9. Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка.
10. И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго.
11. И направи сини петлици по рабовите на едното платниште, каде што ке се соединува со другото; такви направи тој и на работ на последното платниште, за да го соедини со другото.
12. Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга.
13. И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина.
14. Потоа направи платниште од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи:
15. едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мерка беа сите единаесет платништа.
16. Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно.
17. И направи педесет петлици по работ на едното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото;
18. а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави скинијата, та да стане целина.
19. Потоа направи покривка за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга - од сини кожи.
20. И направи диреци за скинијата од дрвото ситим, што ке стојат исправени;
21. секој дирек од по десет лакти долг, а лакот и половина широк;
22. секој дирек имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секој дирек за скинијата.
23. А вакви диреци за скинијата направи дваесет за јужната страна:
24. и направи четириесет подножја сребрени за под дваесетте диреци, по две подножја под секој дирек за двата клина негови, и по две подножја под другиот дирек за двата негови клина.
25. И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет диреци.
26. и четириесет сребрени подножја под нив, по две подножја под секој дирек за двата негови клина, и по две подножја под другиот дирек.
27. А за западната страна на скинијата направи шест диреци;
28. направи уште два дирека за аглите во скинијата од западната страна;
29. тие беа составени одоздола и составени одозгора со по една алка; така направи тој со обете страни на двата агли;
30. и така имаше осум диреци и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секој дирек.
31. Потоа направи напречници од дрвото ситим: пет за диреците од едната страна од скинијата,
32. и пет напречници за диреците од другата страна на скинијата, и пет напречници за диреците од западната страна на скинијата до обата агли.
33. А направи и средна напречница што ке иде преку средината на диреците од едниот до другиот крај;
34. диреците го опковаа со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напречниците, ги направи од злато, па и напречниците го опкова со злато.
35. Потоа направи завеса од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон и на неа направи херувими, уметнички извезени;
36. за неа направи и четири столба од дрвото ситим, и го опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро.
37. Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, уметнички исткаена,
38. и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и пет подножја од бакар.

  Exodus (36/40)