Exodus (34/40)  

1. И му рече Господ на Мојсеја: "Изделкај за себе две плочи од камен, како што беа првите, и искачи се кај Мене на планината, а Јас ке ги напишам на плочите зборовите, кои беа на првите плочи, што ти ги скрши.
2. И биди готов за утре, и качи се горе на планината Синај, и застани пред Мене, на врвот од планината.
3. Но никој нека не се искачува со тебе, ниту да се појавува по целата планина; дури ни овци ни говида да не пасат близу планинава."
4. И изделка две плочи од камен, како што беа првите, и стана порано Мојсеј утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ: и ги зеде со себе двете камени плочи.
5. А Господ слезе во облак, и застана пред Него, и го возгласи името Господово.
6. Потоа помина Господ покрај лицето негово и извика: "Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински!
7. Кој ја чува правдата и покажува милост на иљадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата - дури и внуците до третото и четвртото колено."
8. А Мојсеј побрза, падна наземи и се поклони на Бога;
9. и рече: "Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејки овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши и ке бидеме Твои."
10. Му одговори Бог на Мојсеја: "Еве ти поставувам завет тебе: пред целиот народ твој ке извршам чудеса какви што не биле направени по целата замја и при ниеден народ; и ке ги видиш сите лу е, ме у кои си и ти, дека се чудесни што ке ти ги направам тебе.
11. Пази го се‘ она, што ти го заповедам тебе; еве, Јас ке ги изгонам пред лицето ваше Аморејците, и Хананејците, и Хетејците, и Ферезејците, и Евејците и Евусејците;
12. внимавај да се се сојузуваш со оние, кои живеат во земјата, во која ке влезеш, да не станат соблазни за вас,
13. туку жртвениците нивни урнете ги, и идолите нивни скршете ги; и излеаните богови нивни во оган изгорете ги.
14. И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејки името Негови е ревниво; Он е Бог ревнител.
15. Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та, кога ке се оддаваат на блуд за своите богови и им принесутваат жртва, да не то поканат и тебе да јадеш од нивите жртви.
16. И не земај им од керките нивни жени за своите синови, ниту од керките свои за нивните синови, та да ни би и керките твои, вршејки блуд за боговите ниви, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни.
17. Не прави за себе лиени богови!
18. Пази го празникот Бесквасници: седум дена јади бесквасен леб, како што ти заповедав, во определено време во месецот авив, зашто во тој месец си излегол од земјата Египетска.
19. Се‘ што отвора утроба, Мое е, како и секое првородено од говедата твои, и секое провородено од овците.
20. Но првороденото од ослите замени го со овца; ако не го замениш, тогаш откупи го; а секое првородено ме у синовите твои, откупи го; да не се појавуваш пред Мене празен.
21. Шест дена работи, а во седмиот ден отпочини се: и од орањето и од жнеењето отпочини;
22. установи празник на седмиците и празник преку летото;
23. трипати во годината секое машко ме у вас да се јавува пред Господа Бога Израилев,
24. кога Јас ке ги истерам народите од пред тебе, и ке ги проширам границите твои, и никој нема да ја пожела земјата твоја, ако се јавуваш пред лицето на Господа, твојот Бог, трипати во годината.
25. Немој да ја мешаш крвта со жртвите Мои на квасен леб, и жртвата за празникот Пасха да не пренокева до изутрина.
26. Првите плодови од првиот род на земјата твоја принесувај ги во домот на Господа, твојот Бог; немој да вариш јагне во млекото од мајката негова!"
27. А му рече уште Господ на Мојсеја: "Напиши ги за себе овие зборови, зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израилот."
28. И остана Мојсеј таму пред Господа четириесет дена и четириесет ноки, на јадејки леб и не пијки вода; и ги напиша врз плочите зборовите на Заветот, Десетте заповеди.
29. Кога Мојсеј слезе од планината Синајска, ги држеше во рацете свои двете плочи, но слегувајки од планината, Мојсеј не знаеше дека кожата на лицито му зрачи кога Бог разговараше со Него.
30. И бидејки Арон и сите синови Израилеви го видоа Мојсеја дека лицето му зрачи, се плашеа да се приближат до него.
31. Но Мојсеј ги повика, и тие пристапија кон него, Арон и сите поглавари на народот, и Мојсеј говореше со нив.
32. Потоа дојдоа кај него сите синови Израилеви, и тој им заповеда се‘ што му рече Господ на планината Синај.
33. А кога Мојсеј престана да зборува со нив, го покри сицето свое со покривало.
34. Но кога Мојсеј излегуваше пред лицето на Господа, за да зборува со него, го креваше покривалото, дедека не излезеше; а штом ке излезеше, им кажуваше на синовите Израилеви се‘ што му беше заповедал.
35. Тогаш синовите Израилеви го гледаа лицето Мојсеево како зрачи; Мојсеј, пак, го покриваше лицето свое со покривало додека пак не влезеше да зборува со Него.

  Exodus (34/40)