Exodus (33/40)  

1. И му рече Господ на Мојсеја: "Крени се оттука ти и твојот народ, кого го изведе од земјата Египетска и оди во земјата, за која му се заколнав на Авраама, Исака и Јакова, велејки: на потомството ваше ке му ја дадам;
2. и ке испратам пред тебе Ангел Мој, а Он ке ги изговни Хананејците, Амаорејците, Хетејците, Ферезејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците:
3. и ке те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со тебе, за да не те погубам по патот, бидејки сте вие тврдоглав народ."
4. А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, во жални облеки.
5. Оти Господ му беше рекол на Мојсеја: "Кажи им на синовите Израилеви: вие сте тврдоглав народ; внимавајте да не наведам на вас друга мака и да ве истребам; а сега соблечете ги од себе свечените облеки и накитот свој, а Јас ке ви покажам што ке направам со вас."
6. И ги извадија накитите и облеките од себе синовите Израилеви на планината Хорив.
7. А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од таборот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доа аше кај скинијата на собранието, која се нао аше надвор од таборот.
8. И кога Мојсеј влегуваше во скинијата сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеја, додека не влезе во скинијата.
9. А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеја.
10. И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се клањаше пред влезот на својот шатор.
11. И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се вракаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.
12. И му рече Мојсеј на Господа: "Ете, Ти ми велиш: ‘изведи го тој народ, и не ми јави кого ке пратиш со мене, иако ми рече: ‘Јас те знам по името и ти најде милост пред Мене.‘
13. Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откри ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да узнаам дека овие лу е се Твој голем народ."
14. И му рече Господ: "Јас Самиот ке врвам пред тебе, и ке те успокојам."
15. А Мојсеј му рече: "Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај не‘ одовде,
16. оти, по што ке познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И ке се прославам јас и народот Твој повеке од сите народи што се на земјата."
17. И Господ му рече на Мојсеја: "Kе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам повеке од сите."
18. Пак рече Мојсеј: "Покажи ми ја славата Своја."
19. Му одговори: "Kе одам пред тебе со Моја слава, и ке те повикам во името Мое: Господ е пред тебе, и кој е за помилување, ке го помилувам, а кој е за утешение - ке го утешам."
20. И потоа рече: "Но лицето Мое не ке можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив."
21. И пак рече Господ: "Ене место при Мене, застани на онаа карпа!
22. А кога ке помине славата Моја, ке те ставам во пукнатината на карпата, и ке те засолнам со раката Своја, додека не поминам;
23. а кога ке ја кренам раката Своја, ти ке ме видиш од кон грбот, но лицето Мое не ке ти се открие тебе."

  Exodus (33/40)