Exodus (32/40)  

1. А народот кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арона, и му рече: "Стани и направи ни богови што ке одат пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек - со Мојсеја, кој не‘ изведе од земјата Египетска.
2. Арон им рече: "Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени и керките ваши, и донесете ми ги!"
3. И сите ги извадија златните обетки, што им беа на ушите на жените нивни, и му ги донесоа на Арона.
4. А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: "Еве ги, Израиле, твоите богови, што те изведе од земјата Египетска."
5. А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: "Утре е празник на Господа."
6. Утредента, станувајки рано, принесе жртви сепаленици и жртва за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат.
7. И му рече Господ на Мојсеја: "Оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата Египетска, појде по пат на беззаконие.
8. Брзо се отклонија од патот, кој им го определи; си направија теле, и му се поклонија, па му принесоа жртви, и рекоа: ‘Ова се, Израиле, товите богови што те изведоа од земјата Египетска.‘
9. И му рече Господ на Мојсеја: гледам дека оној народ е тврдоглав, но сега остави да се разгори гневот Мој против нив и да ги истребам;
10. а од тебе ке направам народ голем."
11. А Мојсеј, се помоли пред Господа Бога, и рече: "Зошто се разгорува, Господи, гневот Твој против народот Твој, кого го изведе од земјата Египетска со сила голема и рака цврста?
12. Зошто Египтјаните да зборуваат и да речат: ‘За зло ги изведе, за да ги убие по планините и да ги истребеи од земјата?‘ Нека се смири гневот Твој; и биди милостив поради злобата на народот Твој.
13. Сети се на Авраама, Исака и Јакова, слугите Твои, на кои им рече, велејки: ‘Kе го умножам и преумножам потомството ваше колку множеството sвезди на небото, и сета оваа земја, за која си рекол дека ке му ја дадеш на потомството ниво вечно да ја владеат.‘
14. И Господ се смилува и не му направи зло на народот Свој, како што беше ветил.
15. Тогаш се врати Мојсеј, слегувајки од планините; во рацете му беа двете плочи на сведоштвото, испишани од двете страни: и на едната страна и на другата страна беше напишано.
16. Плочите беа дело Божјо, и писмото, писмо Божјо, врежано на плочите.
17. А Исус, кога го чу гласот на народот што викаше, му рече на Мојсеја: "Борбен повик е во таборот."
18. Но тој одговори: "Не е тоа вик на победници, ниту, пак, пискот на победени; туку слушам глас на пијани од вино."
19. А кога приближи до таборот и го виде телето и игрите, и се разгневи Мојсеј: па ги фрли од рацете свои обете плочи, и ги скрши во подножјето на планината.
20. Потоа ги зеде телето, што го беа направиле, и го изгори во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата, и им даде од неа да пијат синовите Израилеви.
21. И му рече Мојсеј на Арона: "Што ти направи овој народ, та го наведе на толку голем грев?"
22. А Арон му рече на Мојсеја: "Не гневи се, господару мој; ти знаеш за што е склон овој народ.
23. Тие ми рекоа: ‘Направи ни бог што ке оди пред нас; Мојсеј е човекот што не‘ изведе од Египет, но не знаеме што стана со него, со оној кој не‘ изведе од земјата Египетска.‘
24. А јас им реков: ‘Кој има злато, нека го извади од себе.‘ И го извадија и го донесоа, а јас го фрлив во оган, и го излеав ова теле."
25. Кога виде Мојсеј дека тој народ станал необуздан - бидејки Арон беше допуштил да падне во распојасаност за радост на непријателите свои,
26. застана Мојсеј на вратата од таборот, и рече: "Кој е Господов, нека дојде при мене!" И се собраа кај него сите синови Левиеви.
27. И тој им рече: "Еве што вели Господ, Бог Израилев: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по таборот, па навратете од врата до врата, и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.
28. И постапија синовите Левиеви според заповедта Мојсеева: и во тој ден изгина народ до три иљади души.
29. И Мојсеј им рече: "Денес Му ги посветивте рацете свои на Господа за служба: кој на синот свој, кој на братот свој, за да ви даде денес благослов."
30. А утредента му рече Мојсеј на народот: "Направивте голем грев; и сега ке појдам горе при Бога, за да молам да ви се прости вашиот грев.
31. И се врати Мојсеј при Господа, и рече: "Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато.
32. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал."
33. А Господ му рече на Мојсеја: "Оној, што згрешил пред Мене, него ке го избришам од книгата Моја.
34. Но сега оди, слези и поведи го тој народ во местото, каде што ти реков. Еве, Мојот Авгел ке оди пред тебе, а кога ке ги посетам, на нив ке го навртам гревот нивен."
35. И го порази Господ народот, затоа што направеното теле го излеал Арон.

  Exodus (32/40)