Exodus (30/40)  

1. "Направи и жртвеник за кадење, од дрвото ситим направи го:
2. должината нека му биде лакот, а ширината лакот, четвороаголен да биде, и два лакта висок; од него нека излегуваат роговите негови;
3. позлати го со чисто злато огништето негово одозгора, од страните наоколу, и роговите негови; направи му плетен венец и златен наоколку;
4. под венецот на двата агли негови направи и две алки од чисто злато на обата агла; низ нив проври лостови, за да може да се носи;
5. лостовите направи ги од дрвото ситим, и позлати ги со злато.
6. Па стави го спреме завесата, која виси пред ковчегот на сведоштвото, од каде што ке ти се јавувам тебе.
7. А Арон нека кади на него со кадиво направено благопријатно; нека кади над него, кога ја приготвува кадилницата.
8. И кога ке ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господа во поколенијата нивни.
9. Не принесувај над него никакво друго кадиво, ни жртви, ниту приноси, ни преливање не изливајте над него.
10. Арон еднаш во годината нека врши очистување над роговите негови; со жртва за очистување на гревовите негови; со жртва за очистување на гревовите нека се врши очистување во поколенијата нивни, зашто тоа е свјатаја пред Господа."
11. И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки:
12. "Кога ке ги пребројуваш синовите Израилеви, при вршење преглед, секој нека даде на Господа откуп за душата своја, при нивниот преглед, и нема да има недостаток;
13. а ова е, оние што ке доа аат за пребројување нека даваат по половина дидрахма, според светата дидрахма: во таа дидрахма има дваесет обалии; а половината дидрахма е принос на Господа.
14. Сите што доа ааат на пребројување, а имаат по дваесет години и нагоре, треба да даваат прнос на Господа.
15. богатити да не дава повеке, а сиромавиот да не дава помалку од половина дидрахма, кога даваат принос на Господа кога се молите за откуп на душите ваши.
16. А, откако ке го собереш откупеното сребро од синовите Израилеви, употребувај го за оддржување на скинијата на сведоштвото. Тоа ке им биде на синовите Израилеви спомен пред Господа за откуп кога се молите за душите ваши!"
17. И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки:
18. "Направи и мијалник од бакар и подножјето негово нека е од бакар, за миење; постави го ме у скинијата на сведоштвото и жртвеникот и налеј вода во него;
19. и Арон и синовите негови од него нека ги мијат рацете свои и нозете свои со вода;
20. кога влегуваат во скинијата на сведоштвото, нека се мијат со вода, и нема да умрат, или кога пристапуваат кон жртвеникот, да Му служат и да Му принесуваат на Господа жртва сепаленица;
21. тегаш нека ги мијат рацете свои и нозете свои, за да не умрат кога влегуваат во скинијата на сведоштвото. Тоа нека им биде наредба вечна, нему и на потомството негово по него."
22. Му рече Господ уште на Мојсеја, велејки:
23. "Земи мириси најубави: цвет смирна чиста - петстотини сикли, миризлива канела половина од тоа - двесте и педесет, и трстика миризлива - исто така двесте и педесет,
24. касија - петстотини сикли, според светата сикла, и елеј маслинов еден ин;
25. и од тоа направи елеј миро за свето помазание; мирото за свето помазание да биде направено со умешноста на мироварец; тоа нека биде- миро за свето помазание.
26. Со него помажи ја скинијата на сведоштвото и ковчегот на скинијата на сведоштвото
27. и сите сосуди нејзини, и светилникот и сите сосуди негови, и жртвеникот за кадење;
28. и жртвеникот, на кој се принесува жртва сепаленица, и сите негови сосуди, и трпезата и сите нејзини сосуди, и мијалникот и подножјето негово.
29. Така ке ги осветиш, па ке станат свјатаја свјатих и се‘ што ке се допре до нив, ке се освети.
30. Помажи го и Арона и синовите негови, и посвети ги, за да Ми свештенодејствуваат.
31. А на синовите Изарилеви кажи им: овој елеј за помазание нека Ми биде свето миро; за свето помазание на поколенијата ваши.
32. Телото на обичен човек нека не се помазува со него, и не правете за себе такво миро какво што е ова. Тоа е осветено и нека ви остане светост.
33. Ако некој направи такво миро, или помаже друг со него, нека биде истребен од народот свој."
34. И му рече Господ на Мојсеја: "Земи благопријатни мириси: стакта, оникс, халан миризлив, и ливан чист, од сите работи во еднакви делови,
35. и од нив направи кадиво, миро варено, со умешноста на мироварец, чисто и свето.
36. Па, откако ке го истолчиш ситно, ставај од него пред откровението во скинијата на сведоштвото, каде што ке ти се јавувам; тоа нека ви биде голема светост - кадиво.
37. А такво кадиво, какво што ке го направиш, немојте да правите за себе; тоа нека ви биде светост пред Господа.
38. А, ако некој го направи тоа, за да кади со него, нека биде истребен од народот свој."

  Exodus (30/40)