Exodus (3/40)  

1. Мојсеј го пасеше стадото на Јатора, тестот свој, свештеникот Мадијамски. Терајки го стадото така преку пустиња, дојде до планината Божја Хорив,
2. И му се јави Ангел Господеов во огнен пламен во капина. И виде тој, а тоа капината гори со оган, а не изгорува.
3. И Мојсеј рече: "Да појдам да го видам ова чудо, зашто капината не изгорува."
4. А кога виде Господ дека тој доа а да види, извика Господ од капината и рече: "Мојсеј, Мојсеј!" А тој одговори: "Еве ме, Господи!"
5. И Он рече: "Не прио ај ваму. Собуј ги овубките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја."
6. И му рече: "Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов." А Мојсеј го сврти лицето свое, зашто се плашеше да погледа во Бога.
7. И Господ му рече на Мојсеја: "Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од злото, што му го прават надзорниците. Сега ја знам маката негова.
8. Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во крајот на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Гергесејците и Јевусејците.
9. И еве, сега викотот на синовите Израилеви стигна веке до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египтјаните.
10. А сега појди - Јас те испракам кај Фараонот, царот египетски, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите Израилеви."
11. Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: "Кој сум јас, та да одам кај Фараонот, царот египетски, и да ги изведам синовите Израилеви од земјата египетска?"
12. Му рече Бог на Мојсеја, велејки: "Kе бидам со тебе, и ова нека ти биде знак, дека Јас сум те испратил: Кога ке го изведеш народот Мој од Египет, помолете Му се на Бога на оваа планина."
13. А Мојсеј Му рече на Бога: "Еве, ке појдам кај синовите Израилеви и ке им речам: ‘Бог на татковците ваши ме испрака кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‘како Му е името‘, што ке им речам тогаш?"
14. Бог му одговори на Мојсеја, велејки: "Јас сим Оној, Кој вечно постои!" Па продолжи: "Така ке им кажеш на синовите Израилеви: "Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас."
15. И пак му рече Бог на Мојсеја: "Вака кажи им на синовите Израилеви: ‘Господ Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.‘
16. Оди и собери ги старешините Израилеви, и кажи им: ‘Господ, Бог на татковците ваши, ми се јави, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, и ми рече: ‘Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘
17. И реков уште: ‘Kе ве изведам од маките египетски во земјата Хананска, и Хетејска, и Аморејска, и Ферезејска, и Евејска, и Јевусејска, во земја каде што тече мед и млеко!‘
18. И тие ке го послушаат гласот твој; а ке отидеш ти и старешините Израилеви кај Фараонот, царот египетски, и ке му речеш: ‘Господ, Бог на Евреите, не‘ повика да појдеме на три дена пат во пустињата, за да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог.‘
19. А Јас знам дека Фараонот, царот египетски, нема да ви дозволи да излезете без силна рака.
20. Но ке ја пружам раката Своја, и ке ги поразам Египтјаните со сите Мои чудеса, што ке ги направам ме е нив; потоа ке ве пушти.
21. И ке му дадам милост на овој народ кај Египтјаните, така што, кога ке појдете, нема да појдете празни.
22. Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од пријателката своја сребрен и златен накит и облека; и ке ги украсите со нив синовите ваши и керките ваши, и така ке ги плените Египтјанките."

  Exodus (3/40)