Exodus (28/40)  

1. А ти земи го при себе Арона, братот твој, со синовите негови, за да Ми свештенодејствуваат; Арон и Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар - синовите Аронови.
2. И направи му свети одежди на Арона, братот твој, за чест и слава.
3. И кажи им на сите надарени со ум, кои сум ги исполнил со дух на премудрост и расудување, за да му направат на Арона одежди, со кои ке ми служи во светилиштето.
4. А ова се одеждите што треба да ги направат: наградник, ефод, наметка, везен хитон, кидар и појас. Нека направат свети одежди за Арона, и за синовите негови, во кои ке Ми свештенодејствуваат.
5. Затоа и овие нека земат злато и ткаенина сина, црвена и темноцрвена и висон;
6. па нека направат ефод од висон ткаен, изработка шарено ткаена.
7. На него два нараменика нека има, кои се врзуваат на двата краја, за да се држат заедно.
8. И ткаењето на ефодот, кој е одозгора, нека биде иста изработка: од злато, од ткаенина сина, црвена и темноцрвана и од висон.
9. И земи два камена смарагд, и изрежи ги на нив имињата на синовите Израилеви:
10. шесте имиња нивни на едниот камен, а другите шест имиња на вториот камен, според нивното племе;
11. со помошта на резбар, преку вешт каменорезец, кој длаби печати, ке ги изрежеш на тие два камена имињата на синовите Израилеви.
12. Тие два камена потоа стави ги на нарамениците од ефодот, како камења за сопмен на синовите Израилеви: и Арон нека ги носи имињата на синовите Израилеви пред Господа на обете рамења за нивни спомен.
13. Направи и две рамки од чисто злато,
14. потоа две веришки од чисто злато ишарани, направи ги со цветови, па закачи ги плетените веришки на рамките, од нараменикот нивни однапред.
15. И градник судиски направи, везен, направи го како по составот на ефодот: од злато, од ткаенина сина, црвена и темноцрвана и од висон ткаен направи го;
16. четириаголен да биде, двоен, педа долг и педа широк;
17. нареди по него во четири реда скапоцени камења. Во првиот ред: сад, топаз и смарагд,
18. во вториот ред: антракс, сафир и јаспис;
19. во третиот ред: лигур, ахат и аметист;
20. во четвртиот ред: хрисолит, јаспис и оникс. Опточи ги со злато, а нека бидат поставени во златни рамки, да бидат на својот ред.
21. Тие камења со имињата на синовите Израилеви треба да бидат дванаесет, според имињата нивни: нека бидат врежани како печат, со по едно име од бројот на дванаесетте племиња.
22. И на наградникот стави веришки вити, исплетени од чисто злато.
23. Направи и две алчиња златни за наградникот, и двете алчиња прицврсти ги за двата краја на наградникот,
24. па провлечи ги двете златни веришки низ двете алчиња за краевите од наградникот,
25. а другите два краја од двете веришки закачи ги за двете копчиња и стави ги на нарамениците од ефодот, од предната страна.
26. Направи и уште други две алчиња златни, па стави ги на другите два краја од наградникот, од крај в крај на ефодот назад, одвнатре,
27. а направи и две златни алчиња, и прицврсти ги за двата нараменика на ефодот, одоздола, од неговата предна страна, каде што се соединува, над појасот.
28. Потоа алчињата на наградникот нека се врзат за алчињата на ефодот со сина врвка плетена од волна, та да не се одделува наградникот од ефодот.
29. А Арон нека ги носи имињата на синовите Израилеви преку наградникот судиски над срцето свое кога ке влагува во светилиштето, за спомен пред Бога.
30. А во наградникот судиски стави ги Урим и Тумим; и тие ке бидат на градите Аронови, кога влегува пред Госдпода; а Арон секогаш ке го носи над градите свои судот на синовите Израилеви пред Господа.
31. Направи и наметка за ефодот, целата сина;
32. одозгора во средината нека има прорез за главата; и нека биде работ на прорезот наоколу опшиен со ширит ткаен, така што наметката да не се реси;
33. и по полите нејзини направи топченца од сина, црвена и темноцрвана ткаенина, и темен висон наоколку, а ме у нив и златни sвончиња:
34. sвонче златно па топче, sвонче златно па топче по полите на наметката насекаде наоколу.
35. Неа ке ја носи Арон, кога ке служи, за да се слуша гласот од неа кога ке влегува во светилиштето пред лицето на Господа, а и кога излегува, та да не умре.
36. А направи и плочка од чисто злато, и на неа изрежи како на печат "Светиња Господова",
37. и да ја поставиш на сина ткаенина за кидарот, да стои од предната страна на кидарот;
38. да биде на челото Ароново, та Арон на себе да ги презема гревовите на приносите, што ги посветуваат синовите Израилеви од сите дарови, што му се принесуваат тие; и така, таа нека биде секогаш на Ароновото чело, за да бидат тие секогаш примени од Господа.
39. Направи и хитон од висон, и кидар од висон; а појасот направи го везен.
40. И на синовите Аронови направи им хитони, направи и кидари, и превивки за главата направи им, за чест и слава.
41. Во тоа облечи го Арона, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници.
42. А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата, нека биде,
43. и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата на сведоштвото, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев и не умрат. Тоа е вечен закон за него и за потомството негово по него."

  Exodus (28/40)