Exodus (26/40)  

1. "Направи и скинија од десет платништа: од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими - извезена изработка.
2. Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секе платниште - четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа.
3. Петте платништа нека се придржуваат едно со друго, а петте други платништа нека се држат едно со друго.
4. И направи сини врвки по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ке се соединуваа двете половини;
5. педесет врвки направи на едно платниште, и песедет врвки направи по работ на другото платниште, каде што ке се соединуваат со следното; да бидат едни спроти други, за да можат да се врзуваат.
6. Направи и педесет кукучки од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другито; и така скинијата ке биде целосна.
7. Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи.
8. Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко секои платниште, четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа.
9. И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште кон влезот во скинијата свиткај го вудве.
10. Направи и педесет врвки по работ на крајот од едното платниште, каде што ке се соединат, и педесет кукички по работ на крајот од второто платниште, каде што ке се соединуваат.
11. И направи кукички педесет од бакар и состави ги кукичките со врвките, па соедини ги платништата, за да биде целина.
12. А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна;
13. остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата - лакот од едната страна и лакот од другата страна - нека бидат спуштени од страните на скинијата - од едната и од другата страна, за да ја покриват.
14. И направи покрив над скинијата од кожи овнешки, црвено обоени, како и покривала од сини кожи - одозгора.
15. Направи и столбови за скинијата од дрвото ситим:
16. десет лакти нака биде долг секој столб, а лакот и половина широк еден столб;
17. на секој столб нека има по два клина - еден спроти друг; така направи на секој столб за скинијата.
18. Така направи столбови за скинијата: дваесет столбови од страната што е на југ,
19. а под дваесетте столбови направи четириесет подножја од сребро: две подножја на еден столб за обата краја негови, и две подножја под другиот столб за обата краја негови;
20. и дваесет столбови за другата страна на скинијата, од север,
21. со четириесет подножја сребрени: две подножја на еден столб и две подножја под друг столб.
22. А од задната страна на скинијата - што е од кај морето, направи шест столбови.
23. И направи два столба за аглите на скинијата од задната страна;
24. тие да бидат одоздола, а одозгора да се соединуваат со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла;
25. и така ке има осум столба со шеснаесет подножја сребрени: по две подножја под еден столб, и по две подножја под друг столб - на обата краја негови.
26. Понатаму направи напречници од дрвото ситим, пет напречни столбови од едната страна на скинијата,
27. и пет напречници на столбот од другата страна на скинијата, и пет напречници на столбот од задната страна на скинијата, што е кон морето;
28. а средниот напречник да минува преку средината на столбот, од едниот крај до другиот.
29. Столбовите позлати ги со злато, а и алките за нив направи ги со злато, во кои ке со провлекуваат напречниците; па и напречниците да ги позлатиш со злато.
30. Така ке ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината.
31. И направи завеса од сина, црвена и од темноцрвена ткаенина и ткаен висон, и на неа нека има уметнички извезени херувими.
32. И закачи ја на четирите столба од дрвото ситим, опковани со злато, нивните врвови златни, а нивните подножја - сребрени.
33. Потоа обеси ја зевесата на кукички, и обеси ја така таму завесата до ковчегот на сведоштвото, и завесата ке го одделува светилиштето од свјатаја свјатих.
34. И со завеса покриј го ковчекот на сведоштвото во свјатаја свјатих.
35. Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна.
36. И направи завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон.
37. За таа завеса ке направиш пет столбови од дрвото ситим, опковани со злато и со врвови златни; па ке им излиеш за нив и пет подножја од бронза.

  Exodus (26/40)