Exodus (25/40)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилви да Ми соберат прилог: земете прилог кој од драго срце Ми дава.
3. А прилогот што ке го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар;
4. пре а сина, црвена и темноцрвена како вткаен висон и козина;
5. и убави кожи овнешки црвени, кожи сини и дрво ситим;
6. масло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило;
7. камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот.
8. Да Ми направите светилиште, од каде што ке ви се јавувам вам.
9. Се‘, како што ке ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите нејзини сосуди - така да направат.
10. Направи ковчег на сведоштвото од дрвото ситим, во должина од два лакта и пол, а во ширина на еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот;
11. и позлати го со чисто злато: позлати го одвнатре и однадвор; направи му златен венец околу врвот;
12. и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови страни: две алки од едната страна и две алки од другата страна.
13. Направи од дрвото ситим лостови, позлати ги со чисто злато,
14. и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот;
15. лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив.
16. А во ковчегот положи ги сведоштвата, што ке ти ги дадам.
17. Направи исто така и очистилиште - поклопец од чисто злато, долго два лакта и пол, а широко еден и пол лакот.
18. И направи два херувима од злато, леани направи ги и постави на двата краја од поклопецот;
19. да се направат херувими: еден од една страна, а втор од друга страна на поклопецот; направи два херувима на обете страни;
20. херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат поклопецот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон очистилиштето.
21. И стави го поклопецот одозгора над ковчегот, а во ковчегот положи ги сведоштвата, што ке ти ги дадам Јас:
22. и тука, над поклопецот, ме у двата херувима, кои ке бидат над ковчегот на сведоштвото, ке ти се јавувам тебе и отаде ке ти зборувам тебе и за се‘ ке им заповедам преку тебе на синовите Израилеви.
23. Направи и трпеза од дрвото ситим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да и‘ е лакот и половина.
24. И позлати ја со чисто злато, а направи и златен венец наоколу:
25. и направи пораб и на венецот наоколу исто;
26. а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на четирите страни од нејзините четири нозе, под венецот;
27. на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува;
28. направи ги лостовите од дрвото ситим и позлати ги со чисто злато; и со нив ке се крева трпезата.
29. Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ке се врши преливање; а ке ги направиш од чисто злато.
30. На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.
31. И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде излеан; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови - и сите тие на него нека бидат;
32. шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;
33. три чашки во облик на оревче, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,
34. а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на орев, јаболкца и цветови;
35. едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче од другите две гранки, така нека има шест гранки што излегуваат од светилникот, и на светилникот четири чашки во вид на орев.
36. Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде излеан од чисто злато.
37. И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна;
38. а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато направени;
39. од талат чисто злато да ги направиш сите тие сосуди.
40. И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината."

  Exodus (25/40)