Exodus (23/40)  

1. Не примај лажни изјави; не мешај се со неправедни, за да сведочиш криво.
2. Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата, поведувајки се по мнозинството.
3. На сиромавиот со неговиот спор не гледај што е сиромав.
4. Ако сретнеш вол на непријателот, или осел заскитен, одведи го кај него.
5. Ако видиш дека на непријателот твој му паднал оселот под товарот негов, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него.
6. Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој во спорот негов.
7. Оддалечувај се од неправдата и не убивај невин праведен, бидејки Јас нема да го оправдам беззаконикот.
8. Не земај подароци, зашто подароците ги заслепуваат очите на оние што гледаат и ги извртуваат делата на праведните.
9. Не навредувајте и не вознемирувајте придојден: вие знаете каква му е душата на придојдениот, оти и самите бевте придојдени во земјата Египетска.
10. Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини,
11. а седмата - остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ке остане по нив, нека се хранат sверовите полски; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој.
12. Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и ослето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот.
13. Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на ту ите богови; ова да не се чуе од устата ваша.
14. Трипати годишно прославувај Ме со празник:
15. пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното време во месецот Авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен;
16. и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на брањето плодови на крајот од секоја година кога го собираш трудот свој од нивните твои.
17. Трипати преку годината сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господа, твојот Бог.
18. Крвта од жртвата Моја да не се излива врз леб, и месото од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина, кога ке ги истераш незнабошците од пред тебе и ги прошириш пределите свои.
19. Првите плодови од жетвата на земјата твоја принесувај ги во домот на Господа, твојот Бог. Немој да вариш јагне во млеко од мајката негова.
20. Еве, Јас го пракам пред тебе Ангелот Мој, за да те пази по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил.
21. Пази се и послушај Го и не противи Му се, оти и Он нема да ви го прости гревот, бидејки името Мое е во Него.
22. Ако го послушаш гласот Мој и извршуваш се‘ што ке ти заповедам, и го пазиш заветот Мој, ке Ми бидете избран народ ме у сите народи; Моја е целата земја, а вие ке Ми бидете царско свештенство и народ свет. Овие зборови да им ги кажеш на синовите Левиеви, свештениците; и ако го послушате гласот Мој, и ако го извршувате се‘ она што ке ви речам, ке им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои.
23. Кога Ангелот Мој ке појде пред тебе и те одведе во земјата на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците, и Јас ке ги истребам пред лицето ваше.
24. Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку урни ги ликовите нивни уништи ги.
25. Служи Му на Господа, твојот Бог, па ке го благословам лебот твој, и виното твое, и водата твоја; и ке отстранам од вас секакви болести.
26. Бездетни и неплодни нема да има во земјата твоја; а ке направам бројот на деновите твои да бидат полни.
27. И ке го пуштам ужасот Мој што те води, и ке го уплашам секој народ, на кој ке наидеш, и ке ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои.
28. Kе пратам пред тебе и стршлени, и ке ги изгонам Аморејците, Евејците, Хананејците, Јевусејците и Хетејците.
29. Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и sверовите полски да не се размножат против тебе.
30. Малку по малку ке ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата.
31. И ке ти ја поставам границата твоја од Црвеното до Филистејското Море, и од пустињата до големата река Ефрат, и ке ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, за да ги истераш пред тебе.
32. Не мешај се со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет.
33. Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тие ке ти бидат соблазан за тебе."

  Exodus (23/40)