Exodus (22/40)  

1. Ако некој украде јунец или овца и ја заколе, или ја продаде, да даде пет јунци за еден јунец и четири овци за една овца.
2. Ако се фати крадец, како поткопува и ранет умре, тоа не се смета за убиство.
3. Но, ако сонцето веке се појавило над него, виновен е за крв. И крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој треба да биде продаден за својата кражба.
4. Ако кај фатениот се најде она, што го украл, во неговата рака живо, било осел или овца, да го врати двојно.
5. Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајки го добитокот свој да пасе во ту а нива, да ја надомести штетата за целата нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје според плодот од својата нива; ако ја уништи.
6. Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запали гумното, или класјето или нивата, оттогаш оној, кој го предизвикал пожарот, да плати.
7. Кога некој му даде на ближниот свои пари или предмети на чување, и тие бидат украдени од домот негов, крадецот, ако се фати, ке плати двојно;
8. во случај, пак, крадецот да не се фати, тогаш сопственикот на куката нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на ближнито свој.
9. За секоја изречена неправда: за јунец, осел, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој рече дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ке го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.
10. Ако некој му даде на чување на ближниот свој осел, или јунец, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или загине, или, пак, биде запленет, а никој да не го види,
11. тогаш ме у нив нека одлучи клетвата пред Господа, дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен, и ако сопственикот така го прими, не се надоместува;
12. ако, пак, му биде украден, тогаш нека му плати на сопственикот негов.
13. А ако е изеден од sверка, да донесе доказ за тоа и да не плака ништо.
14. Ако некој од ближниот свој добие на услуга - живинче, па тоа загине или пцовиса, или биде загинато, а сопственикот не бил со него, ке мора да се плати;
15. но, ако сопственикот биде со него, да не се плака. Ако бил момок, да го плати само наемот.
16. Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја заме за жена;
17. а ако таткото нејзин одбие и не сака да му ја даде, да одмери сребро на татка и‘ колку што следува за мираз на девојката.
18. Вражачи да не оставате живи.
19. Кој ке згреши со добитокот, со смрт да се казни.
20. Кој принесува жртви на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.
21. На придојден немој да му правиш неправда, ниту да го угнетуваш, зашто и вие бевте придојдени во земјата египетска.
22. Не навредувајте ни вдовици ни сираци;
23. ако ги навредиш и тие, негодувајки се обрнат кон Мене, ке го чујам повикот нивни,
24. и ке се распали гневот Мој, па со меч ке ве убијам, и жените ваши ке останат вдовици, и децата ваши - сираци.
25. Кога на заем ке дадеш пари на некој сиромашен брат што е при тебе, не присилувај го и не налижувај му лихва.
26. Ако земеш во залог облека од пријателот твој, врати му ја до зајдисонце;
27. оти таа му е покривка, таа му е едина облека на телото негово: со што ке спие? И кога ке повика кон Мене, Јас ке го чујам, бидејки сум милостив.
28. Немој да ги злоставуваш судиите, ни за старешините на твојот народ да не зборуваш лошо.
29. Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето; дај Ми ги првородените од синовите твои.
30. Така и со јунецот твој, и со овцата твоја, и со оселот твој; седум дена нека бидат при мајката своја, а во осмиот ден дај Ми ги Мене.
31. И ке Ми бидете свет народ. Затоа и месо од растргнато животно да не јадете; фрлај им го на кучињата."

  Exodus (22/40)