Exodus (21/40)  

1. А ова се законите, што ке им ги објавиш:
2. "Ако купиш роб Евреин, шест години нека ти служи, а седмата нека си оди слободен, без откуп;
3. ако дошол сам, сам нека си оди; а ако има жена, нека оди и жената со него;
4. ако, пак, неговиот господар му дал жена, и таа му родила синови или керки, жената и децата нека останат на господарот негов, а тој нека си оди сам;
5. но, ако робот одговарајки, рече: ‘Го сакам господарот мој, жената моја, и децата мои; не сакам да одам и да бидам слободен.‘
6. тогаш таквиот господарот негов нека го доведе пред судот Божји и нека го постави пред вратата или на прагот и таму господарот негов да му го продупчи увото со шило, та да му остане вечен роб.
7. Ако некој ја продаде керката своја за робинка, таа да не си оди како што одат робинките;
8. ако не му се свиди на годподарот нејзин, за која ветил дека ке ја земе за жена, нека ја отпушти. Но нема право господарот да ја продаде на ту народ, кога сам ја отфрлил;
9. ако, пак, ја свршил за синот свој, нека и‘ го даде правото, што го имаат керките;
10. ако земе друга за себе, првата не смее да ја лиши од храна, облека и сопружничка должност.
11. Не и‘ направи ли една од овие три работи, тогаш нека си оди од него дарум, без откуп.
12. Кој ке удри човек и тој умре, со смрт да се казни.
13. Но, ако тоа не го направи намерно, а Бог допуштил да падне во негови раце, тогаш ке ти определам место, каде што може да побегне убиецот.
14. Ако некој, пак, намерно го нападне својот ближен, со цел да го убие на измама, и се засолни при жртвеникот Мој, одвлечи го и од жртвеникот Мој, за да умре.
15. Кој ке го удри таткото свој или мајката своја, да се погуби.
16. Кој го злоставува таткото свој или мајката своја, со смрт да се казни.
17. Ако некој украде некого од синовите Израилеви и го продаде или се најде во негови раце, откако го заробил, со смрт да заврши.
18. Кога двајца мажи се скараат, па еден од нив удри друг со камен или со тупаница, но тој не умре, туку легне во постела,
19. па, кога ке стане, макар и со стап да се потпира, на оној што удрил нека му е просто; само денгубата да му ја надомести и за лекувањето да плати.
20. А кој ке удри роб свој или робинка своја со стап, и тие умрат од неговата рака, нека биде виновен пред судот;
21. но, ако тие преживеат ден или два, да не е виновен, бидејки тие се негов имот.
22. Кога лу ето се бијат, па некој од нив удри бремена жена, така што таа пометне, не не дојде до смрт, да плати глоба, колку ке определи мажот на жената; а да и‘ плати колку и‘ припа а;
23. ако, пак, плодот бил оформен, тогаш нека се даде живот за живот;
24. око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,
25. изгоретина за изгоретина, рана за рана, повреда за повреда.
26. Ако некој го удри робот свој во окото, или робинката своја во окото, и ги ослепи, да ги пушти на слобода заради окото;
27. или, ако му скрши заб на робот свој, или на робинката своја, да ги пушти на слобода заради забот.
28. Ако вол убоде маж или жена, па умре, волот да се отепа со камења и месото од него да не се јаде; но господарот на волот нема да биде виновен;
29. Но, ако волот бил и порано бодлив, а господарот негов знаел за тоа и не го пазел, па убие маж или жена, волот да се убие со камења, и господарот негов заедно со него да се предаде на смрт.
30. Ако, пак, му се наложи откуп за животот свој, нека плати откуп, колку што ке му се определи.
31. Син ли прободе или керка, со него да се постапи според истиот закон.
32. Прободе ли, пак, волот роб, или робинка, тогаш на господарот нивни да му се платат триесет сикли сребро, а волот да се убие со камења.
33. Ако некој открие јама, или пак ископа јама и не ја покрие, и падне во неа јунец или осел,
34. сопственикот на јамата треба да ги надомести; на господарот ке му даде сребро, а трупот тогаш ке биде негов.
35. Кога нечиј вол смртно убоде вол на друг човек, и тој умре, тогаш да го продадат волот жив и парите да ги поделат, а исто така да го поделат и убиениот вол;
36. ако, пак, се знаело од порано, дека волот бил бодлив, и му е кажано на господарот негов, а тој не го пазал, да даде вол за вол, а убиениот нека му остане нему.

  Exodus (21/40)