Exodus (20/40)  

1. Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови кон Мојсеја, велејки:
2. "Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството.
3. Немој да имаш други богови освен Мене!
4. Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;
5. немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат;
6. Кој покажува милост на иљадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
7. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејки Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ке го изговори името Негово.
8. Помни го денот саботен, за да го празнуваш.
9. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои;
10. а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни керката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се нао а кај тебе.
11. оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и се‘ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.
12. Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживааш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
13. Не убивај!
14. Не врши прељуба!
15. Не кради!
16. Не сведочи лажно против својот ближен!
17. Не пожелувај ја жената на ближниот свој, не пожелувај го домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни ослето негово, ни секаков добиток, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!"
18. И сиот народ ги слушаше молњите и гласот на трубата што трубеше и ја гледаше гората што се димеше; и како се исплашија, сите лу е отстапија и се оддалечија малку.
19. Па му рекоа на Мојсеја: "Зборувај ни ти, а ние ке слушаме; но да не ни зборува нам Бог, за да не умреме."
20. А Мојсеј им рече: "Не плашете се: Бог дојде за да ве испита и стравот Негов да биде во вас, за да не грешите."
21. И народот стоеше подалеку, а Мојсеј појде кон мракот, каде што беше Бог.
22. И му рече Господ на Мојсеја: "Вака кажи му на домот Јаковов и извести ги синовите Израилеви: ‘Вие видовте како Јас зборував со вас од небото.‘
23. Не правете си сами богови сребрени, ниту богови златни, не правете сами за себе.
24. Направете ми жртвеник од земја и на него принесувајте ми жртви сепаленици и жртви спасителни; овци и јунци ваши, на секое место, каде што ке определам да се спомнува името Мое, ке дојдам кај тебе и ке те благословам.
25. Ако ми направиш жртвеник од камен, немој да го sидаш со делкан камен; зашто, штом ке повлечеш по него со сечиво, ке го оскверниш.
26. И да не се качуваш по стапалата до жртвеникот Мој, за да не се открие на него голотијата твоја."

  Exodus (20/40)