Exodus (2/40)  

1. Еден човек од племето Левиево отиде и се ожени со една од керките Левиеви.
2. Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци.
3. Но, кога не можеше повеке да го крие, мајката зеде кошниче од трски; го облепи со смола и катран; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката.
4. А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ке стане со него.
5. Kерката, пак, Фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слугинки одеа покрај реката. И таа го забележа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе.
6. А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: "Ова е еврејско дете."
7. Тогаш сестрата негова и‘ рече на керката Фараонова: "Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?"
8. А керката Фараонова и‘ рече: "Оди!" И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето.
9. Kерката Фараонова и‘ рече: "Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ке ти платам." И го зеде жената детето и го доеше.
10. А кога детето порасна, го одведе кај керката Фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејки, "оти од вода го извадив."
11. По многу време, кога Мојсеј стана возрасен, отиде ме у браката свои, синовите Израилеви, и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египтјанин бие Евреин - еден од браката негови.
12. Се обsрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египтјанинот и го закопа во песокта.
13. Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: "Зошто го биеш ближниот свој?"
14. А тој одговори: "Кој те постави тебе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот?" Тогаш Мојсеј се уплаши и рече: "Значи, се разбрало за ова?"
15. И Фараонот беше чул за ова, па сакаше да го погуби Мојсеја. Но Мојсеј избега од Фараонот и се насели во земјата Мадијамска. Кога дојде во земјата Мадијамска, седна крај еден извор.
16. А свештеникот Мадијамски, пак, имаше седум керки, кои ги пасеа овците на татка си Јотор. И тие дојдоа и почнаа да земаат вода додека не ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на таткото свој Јотор.
17. Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото.
18. И тие се вратија кај таткото свој Јотор, а тој ги праша: "Како толку бргу се вративте денес?"
19. Тие одговорија: "Еден Египтјанин не‘ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците наши."
20. А тој им рече на керките свои: "Па, каде е? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде леб!"
21. И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеја за жена керката своја Сепфора.
22. И таа зачна и роди син, и Мојсеј му стави име Гирсам, "бидејки сум - рече - придојден во ту а земја." И пак зачна и роди втор син, и му стави име Елиезер, велејки: "Бог на мојот татко ми е Помошник и ме избави од рацете Фараонови."
23. А по многу време умре царот египетски. А синовите Израилеви уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките работи дојде до Бога.
24. И бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова.
25. И погледна Бог на синовите Израилеви, и се смили над нив.

  Exodus (2/40)