Exodus (19/40)  

1. Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите Израилеви од земјата Египетска, во ден на млад месец, стигнаа во пустињата Синајска.
2. Кревајки се од Рафидин, дојдоа во пустињата Синајска, и се утабори Израил таму спроти гората.
3. И Мојсеј се искачи на гората при Бога, и го повика Бог, велејки: "Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите Израилеви:
4. ‘Сами видовте што им направив на Египтјаните и како ве изнесов, како на криља орлови ве приведов при Себе.
5. Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот мој, ке ми бидете народ избран ме у сите народи, зашто Моја е земјата цела.
6. И вие ке ми бидете царство на свештеници и народ свет.‘ Тоа се зборовите, што ке им ги кажеш на синовите Израилеви."
7. Потоа Мојсеј дојде и ги повика старешините народни; и им ги изложи сите овие зборови, што им ги заповеда Господ.
8. И сиот народ одговори еднодушно и рече: "Се‘ што рекол Господ ке направиме и ке послушаме." Тогаш Мојсеј му ги соопшти на Господа зборовите народни.
9. А Господ му рече на Мојсеја: "Еве, Јас ке дојдам кај тебе во столб облачен, за да чуе народот, како ке зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш." Оти Мојсеј му ги беше соопштил на Господа зборовите народни.
10. И му рече Господ на Мојсеја: "Слези од гората при народот и објасни им и очисти го денес и утре, и нека ги исперат облеките свои;
11. и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ке слезе Господ на гората Синајска пред сиот народ,
12. а ке поставиш граници за сиот народ од сите страни и ке им кажеш: ‘Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето нејзино; секој, кој ке се допре до гората, ке биде предаден на смрт.
13. Никаква рака да не се допре до неа, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добиток ке е или човек, жив да не остане. А кога трубата ке затруби отегнато, кога облакот ке се крене од планината, тогаш ке можат да се качат на гората.‘"
14. И Мојсеј слезе од гората кај народот; и го очисти народот, и тие ги испраа облеките свои.
15. И му рече на народот: "Бидете готови и за три дни не приближувајте се до жените!"
16. А третиот ден, пред осамнувањето, загрме и молњи засветкаа, и настана густ облак над гората Синајска, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше утаборен.
17. Тогаш Мојсеј го изведе народот од таборот, за да Го пресретне Бога, и застана во подножјето на гората.
18. А гората Синајска целата беше во дим, зашто Господ беше слегол над неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка, и се уплаши сиот народ;
19. и гласот на трубата стануваше се‘ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно.
20. И Господ слезе на гората Синајска, на врвот од гората, и го повика Господ Мојсеја на врвот од гората. Мојсеј се искачи.
21. Тогаш Бог му рече, велејки: "Слези и кажи му на народот да не навалува за да Го види Господа, та да не изгинат мнозина од нив;
22. а свештениците, кои Му пристапуваа на Господа Бога, нека се осветат, за да не ги погуви Господ."
23. Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: "Не ке може народот да се качи на планината Синајска, бидејки Ти изрично не‘ опомена, велејки - оме и ја гората и освети ја."
24. Но Господ му рече: "Оди, слези, па тогаш качете се ти и Арон по тебе; а свештениците, пак, и народот нека не се трукаат да се качат при Господа, за да не ги погуби."
25. И слезе Мојсеј кај народот и им објасни.

  Exodus (19/40)