Exodus (15/40)  

1. Тогаш, Мојсеј и синовите Израилеви ја запеаја оваа песна на Господа, велејки: "Да Го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњите и коњаниците ги фрли в море.
2. Помошник и закрилник ми беше во спасението. Он е Бог мој, и ке Го прославувам; Бог на таткото мој, и ке Го превознесувам.
3. Господ ги ништи војните; името Му е Господ.
4. Колите Фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи негови се удавија во Црвено Море.
5. Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините како камен.
6. Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот.
7. И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе, Ти го изли гневот Свој, и тој ги изгоре како слама.
8. Од здивот на гневот Твој водите се расцепија, водите се издигнаа како бедем; среде морето брановите се затврднаа.
9. Непријателот рече: ‘Kе гонам, ке стигнам, плен ке разделам, ке го господари раката моја.‘
10. Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води.
11. Кој е како Тебе ме у боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чудеса?
12. Ти ја пружи десницата Своја - а земјата ги голтна.
13. Според милоста Твоја го водеше народот, кого Ти го избави, и го утешуваше со силата Своја, водејки го во живеалиштето на Светоста Твоја.
14. Народите ке чујат и ке се вознемират: ужас ке ги опфати жителите на земјата Филистејска.
15. Тогаш ке побрзаат и поглаварите едомски, страв и трепет ке ги обзема кнезовите моавски, ке се уплашат сите жители ханански.
16. Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине народот овој Твој, кого со го придобил.
17. Одведи го и смести го во планините, наследството Твое, во место, кое Ти, Господи, си го приготвил за живеалиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твој, Господи!
18. Господ ке царува секогаш и во вечност.
19. Кога коњите Фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите Израилеви поминаа по суво среде море."
20. И пророчицата Маријам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и во хор.
21. И запеа Маријам пред нив: "Пејте Му на Господа, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот в море ги фрли."
22. Потоа ги изведе Мојсеј синовите Израилеви од Црвеното Море, и тие се упатија во пустињата Сур; и одејки низ пустињата три дена не најдоа вода за пиење.
23. Дојдоа во Мера, но не можеа да пијат вода во Мера, зашто беше горчлива; затоа и го нерекоа тоа место Мера.
24. Тогаш народот почна да вика против Мојсеја, велејки: "Што ке пиеме?"
25. Извика Мојсеј кон Господа, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го подложи на испитание.
26. И му рече: "Ако го послушаш добро гласот на Господа твојот Бог, ако правиш, што е угодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови, ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, Бог твој целител."
27. Потоа стигнаа во Елим; таму имаше дванаесет извори и седумдесет палми; и сите се утаборија тука крај водите.

  Exodus (15/40)