Exodus (14/40)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви да свртат и да се утаборат пред Пи - Аирот во долината ме у Магдол и морето, спроти Веел Сепфон. Спроти него утаборете се крај морето.
3. И така Фараонот ке им рече на своите лу е за синовите Израилеви: ‘Заскитале во земјата, пустињата ги затворила.‘
4. А Јас ке направам да се стегне срцето на Фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ке се прославам над Фараонот и над сета војска негова. И сите Египтјани ке познаат дека Јас сум Господ." Тие така и направија.
5. А кога му соопштија на царот египетски дека народот избегал, се измени срцето Фараоново и слугите негови спрема народот, па рекоа: "Што направивме, па ги пуштивме синовите Израилеви, та да не ни работат повеке."
6. И ја впрегна Фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе;
7. зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше коли египетски, со нивните началници.
8. А Господ направи, та со ожесточи срцето на Фараонот, царот египетски, и на слугите негови, и тргна во потера по синовите Израилеви; но синовите Израилеви врвеа под силна рака.
9. И се впуштија по нив Египтјаните, и сите коњи Фараонови со колите, и сета војска негова, и ги најдоа во долината крај морето, спроти Веел Сепфон.
10. А кога наближи Фараонот, се обsрнаа синовите Израилеви, и што ке видат - ете Египтјаните идат по нив. И синовите Израилви се уплашија многу, па извикаа кон Господа,
11. и му рекоа на Мојсеја: "Зар немаше гробови во Египет, туку не‘ изведе овде да изгинеме во пустињата? Што ни направи? Зошто не‘ изведе од Египет?
12. Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‘Остави не‘, да им служиме на Египтјаните?‘ Оти подобро ке ни беше да им служиме на Египтјаните, отколку да изгинеме во пустињава."
13. А Мојсеј му рече на народот: "Не плашете се, застанете и ке видите Господ како ке ве спаси денес: Египтјаните, како што ги гледате денес, нема повеке никогаш да ги видите довека.
14. Господ ке се бие за вас, а вие бидете спокојни.
15. И му рече Господ на Мојсеја: "Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите Израилеви нека врват.
16. А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите Израилеви, среде море по суво.
17. Но, ете, Јас ке го стегнам срцето на сите Египтјани, и тие ке тргнат по нив. А Јас ке ја покажам славата Своја над Фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови.
18. И сите Египтјани ке познаат дека Јас сум Господ, што ке се прославам над Фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови."
19. И се крена Ангелот Господен, што одеше пред војската на синовите Израилеви, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив.
20. А кога влезе ме у војската Египетска и ме у војската на синовите Израилеви застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела нок не се доближија едните до другите.
21. И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбрануваше морето со јужен ветар, кој дуваше силно цела нок, па се направи во мерето суво и водата се раздели.
22. И појдоа синовите Израилеви среде море по суво, и водата им стоеше како sид од десната страна и од левата страна.
23. А Египтјаните, гонејки ги, појдоа по нив среде море, сите коњи Фараонови, колите и коњаниците негови.
24. А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од столбот огнен и обласниот и ја доведе во забуна војската египетска,
25. па им ги врза тркалата на колите ниви, та одвај ги влечеа. Тогаш Египтјаните рекоа: "Да бегаме од Израилците, зашто Господ се бие за нив против Египтјаните!"
26. Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египтјаните, и да ги покрие колите нивни и коњаниците нивни."
27. И Мојсеј ја испружи раката своја врз морето, и пред зори пак се поврати со својата сила, а Египтјаните тргнаа да бегаат кон морето; и Господ ги фрли Египтјаните среде море.
28. А кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска Фараонова, се‘ што беше тргнало кон нив, и не остана ниеден од нив.
29. Синовите, пак, Израилеви минаа среде море по суво; водата стоеше како sид од десната страна и од левата страна.
30. И ги избави Господ Израилците во тој ден од рацете на Египтјаните. И ги видоа синовите Израилеви Египтјаните што изумреа на брегот морски.
31. Ја виде Израил силата голема, што Господ ја покажа над Египтјаните, и народот се уплаши од Господа, и поверува во Бога и на неговиот угодник Мојсеја.

  Exodus (14/40)