Exodus (13/40)  

1. Му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Посвети ми го секое првородено, кое ја отвара секоја утроба ме у синовите Израилеви: и од лу ето, и од добитокот. Тие Мене ми припа аат!"
3. И Мојсеј му рече на народот: "Помнете го овој ден, во кој излеговте од земјата Египетска, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Годпод оттаму; и не јадете ништо со квас.
4. Зашто денес излегувате, во Авив, месецот на новите плодови.
5. Затоа, кога Господ ке те воведе во земјата хананска, и хетејска, и аморејска, и евејска, и јевусејска, и гергесејска и ферезејска, за која им се заколнал на татковците твој, дека ке ти ја даде - земјата во која тече мед и млеко - тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
6. Шест дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов.
7. Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе ништо со квас, ниту да се најде негде кај тебе квас во сите твои предели.
8. И во тој ден кажи му на синот твој, велејки: ‘Ова е за она, што ми го направи Господ Бог, кога излегував од Египет!‘
9. И тоа нека ти биде знак на раката твој и спомен пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со рака силна те изведе Господ од Египет.
10. Затоа оној закон запазувај го секоја година во определено време!
11. А кога ке те воведе Господ, твојот Бог, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ке ти ја предаде -
12. на Господа ке Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое провородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети го на Господа!
13. А секое првородено осле замени го со јагне;, ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек ме у синовите твои откупувај го!
14. А кога ке те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‘Што е тоа?‘ Кажи му: ‘Зашто со рака силна не‘ изведе Господ од Египет, од домот на ропството.‘
15. Оти, кога се ожесточи Фараонот да не не‘ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата Египеска, од првенец човечки до првородено во добитокот - затоа Му го принесувам на Господа како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден ме у синовите мои го откупувам.
16. И тоа нека ти биде знак на раката твоја и постојано пред очите твои, бидејки со рака силна те изведе Господ од Египет."
17. А кога Фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот кон земјата Филистејска, иако е пократок; зашто Бог рече: "За да не би да се покае народот, кога ке види војна, па да се врати во Египет."
18. Бог го поведе народот по патот во пустињата кон Црвено Море. А синовите Израилеви вооружени излегоа од земјата Египетска.
19. И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто ги беше заколнал Јосиф синовите Израилеви, велејки: "Господ навистина ке ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе."
20. Откако појдоа синовите Израилви од Сокхот, се утврдија во Етам, при крајот на пустињата.
21. А Бог ги водеше по патот: дење во столб од облак, а ноке во столб во оган, светејки им.
22. И не се иставаше пред сиот народ столбот облак - дење, ни столбот од оган - ноке.

  Exodus (13/40)