Exodus (12/40)  

1. И рече Господ на Мојсеја и на Арона во земјата Египетска, велејки:
2. "Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец ме у месеците во годината.
3. Кажи му на целиот собор на синовите Израилеви и речи им: "На десеттиот ден од овој месец секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на дом.
4. Ако се помалу во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колу што треба, за да можат да го изедат јагнето.
5. А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите.
6. И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот собор Израилев нека го заколе, во приквечерина.
7. И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и праговите на куката, во која ке го јадат.
8. И нека јадат месо истата нок, на оган печено, со пресен леб и со горчливо зеље, нека јадат.
9. Немојте да јадете сурово, ниту во вода варено, туку на оган печено: со главата, со нозете и со дробовите.
10. И ништо немојте да оставате до утрината; и коски не кршете од него; ако нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган.
11. А вака јадете го: преопашани, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова.
12. Оти ке поминам низ земјата египетска таа нок, и ке го убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек до добиток, и ке се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ.
13. А крвта ке ви биде знак на куките, во кои ке бидете таму: и кога ке видам крв, ке ве одминам, па нема да има ме у вас помор, кога ке ја поразам земјата египетска.
14. И тој ден ке ви биде ден на секавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господа; празнувајте го од колено на колено; вечно озаконет.
15. Седум денови јадете лебови без квас; уште од првиот ден отстранете го квасот од куките ваши; зашто оној, кој ке јаде нешто со квас, тој ке биде истребен од Израилот.
16. Првиот ден да се нарече свет собор; а и седмиот ден да ви биде особено свет; никаква работа да не вршите во тие денови. Освен за јадењето, за кого колку што треба, само тоа можете да го правите.
17. И запазете ја оваа заповед; зашто во тој ден ја изведов војската ваша од земјата египетска; празнувајте го тој ден од колено на колено како вечно озаконет.
18. Бесквасни лебови почнете да јадете од првиот месец во четиринаесеттиот ден вечерта, па се‘ до дваесет и првиот од истиот месец до вечерта.
19. Седум денови не смее да има квас во куките ваши. Оти, ако некој јаде нешто со квас, ке биде истребена таа душа од општеството на Израилот, било да е придојдена - или родена во земјата.
20. Ништо со квас немојте да јадете: во сите куки ваши јадете само бесквасен леб!"
21. И ги свика Мојсеј сите старешини на синовите Израилеви и им рече: "Одете и пригответе јагне, според семејствата свои, и заколете пасха.
22. Потоа земете китка исоп и натопете ја во крвта, што е близу до вратите, и попрскајте ги праговите и обата довратника со крвта, што е близу до вратите, и ниеден од вас да не излегува низ вратата кукна до изутрина.
23. И кога ке помине Господ да го поразува Египет, штом ке ја види крвта на прагот и на обата довратника, ке ја одмине Господ таа врата, и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куките ваши и да убива.
24. Пазате го ова како закон за себе и за синовите свои довека.
25. И кога, пак, ке влезете во земјата, што ке ви ја даде Господ, како што рече, држете ја оваа служба.
26. И кога ке ве прашаат синовите ваши: ‘Каква ви е таа служба?‘
27. Одговорете: ‘Тоа е Пасхална жртва на Господа, кога ги одмина куките на синовите Израилеви во Египет, убивајки ги Египтјаните, а домовите наши ги зачува." - Тогаш народот, наведнувајки се, се поклони.
28. И откако отидоа синовите Израилеви, направија така, како што им заповеда Годпод преку Мојсеја и Арона: така направија.
29. А на полнок ги уби Господ сите првородени во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седи на престолот негов, до првородениот син на затвореникот во затворот, и се‘ што беше првородено во добитокот.
30. И стана Фараонот во таа нок, тој и сите негови слуги, и сите Египтјани; и настана голем пискот во целата земја египетска, зашто немаше кука, во која немаше мртовец.
31. Тогаш ги повика Фараонот Мојсеја и Арона, нокта, и им рече: "Станете, одете си од народот мој, како вие така и синовите Израилеви, и извршете Му служба на Господа, како што велевте.
32. Земете ги и овците ваши, говедата ваши, како што велевте и одете си, па и мене благословете ме!"
33. И Египтјаните навалуваа на народот, што побрзо да си оди од земјата, зашто велеа: "Сите ке изгинеме!"
34. И народот си го зеде тестото свое, уште неискиснато; ноквите ги завиткаа во облеките свои, и го ставија на рамењата свои.
35. И постапија синовите Израилеви според заповедта Мојсеева, и побараа од Египтјаните накити сребрени и накити златни, а и облека.
36. И Господ направи, та народот најде милост кај Египтјаните, и тие им дадоа; така тие ги обраа Египтјаните.
37. И тргнаа синовите Израилеви од Рамзес за Сокхот, околу шестотини иљади пешаци мажи, не сметајки ги тука децата.
38. И многу други придојдени отидоа со нив, и овци и волови голем број отидоа со нив.
39. А од тестото, што го изнесоа од Египет, испекоа бесквасни лепчиња, зашто тоа уште не беше скиснато кога ги истераа Египтјаните, и не можеа да се задржуваат, така што дури ни храна за попат не си приготвија.
40. Времето, пак, што го поминаа синовите Израилеви во Египет и во земјата Хананска, тие и нивните татковци, изнесуваше четиристотини и триесет години.
41. А кога се навршија четиристотини и триесетте години, ноке во истиот ден излезе сета војска Господова од земјата египетска.
42. Таа нок, која Господ ја пробдеа, за да ги изведе од Египетската земја, тоа е нок Бдение за Господа, кое треба да го празнуваат синовите Израилеви од колено на колено.
43. И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: "Закон за Пасхата е: ниеден ту инец да не јаде од неа!"
44. А секој роб ваш, или купен за пари, откако ке го обрежете, тогаш може да јаде од неа.
45. Придојден или наемник да не јаде од неа!
46. Во една кука треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куката, и коските од жртвата да не кршите.
47. Целото општество Израилево нека прави така.
48. Ако дојде кај вас некој ту инец и посака да ја празнува Пасхата Господова, нека му се обрежат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ке биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа.
49. Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол ме у вас!"
50. И направија сите синови Израилеви како што им заповеда Господ на Мојсеја и на Арона, така направија.
51. И во тој ден ги изведе Госопод синовите Израилеви од земјата Египетска со нивната војска.

  Exodus (12/40)