Exodus (10/40)  

1. Тогаш Господ му рече на Мојсеја, велејки: "Оди при Фараонот, зашто Јас му го ожесточив срцето негово и срцето на слугите негови, за да ги покажам овие знаци врз нив;
2. па да им прикажувате на чедата ваши и на внуците ваши што им направив на Египтјаните, како и за знаците Мои, што ги покажав пред нив, и за да знаат, дека сум Јас Господ."
3. И отидоа Мојсеј и Арон кај Фараонот и му рекоа: "Еве што вели Господ, Бог на Евреите: ‘До кога не ке сакаш да се засрамиш пред Мене? Пушти го народот Мој да Ми послужи!
4. Оти, ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, утре во ова време ке пратам скакулци над целата земја твоја.
5. И тие ке го покријат лицето на земјата, така што не ке се гледа, а ке го изедат остатокот, зачуван од градот; ке го изадат и секое дрво, што ви расте по полето.
6. И ке ги наполна куките твои, куките на слугите твои и сите куки по целата земја Египетска какво што не виделе татковците твои, ни прадедовците нивни, откако живеат на земјата па се‘ до денес." И свртувајки се, си отиде Мојсеј од Фараонот.
7. Тогаш слугите му рекоа на Фараонот: "До кога овие маки? Пушти ги лу ето нека Му заблагодарат на Господа, нивниот Бог. Или сакаш да гледаш како Египет пропа а?"
8. И ги вратија Мојсеја и Арона пред Фараонот, и им рече Фараонот: "Одете, полужете Му на Господа, вашиот Бог. А кои се тие што ке одат?"
9. Мојсеј одговори: "Kе одиме и млади и стари, со синовите свои и со керките свои, со овците свои и воловите свои, ке одиме, зашто тоа ке биде празник во чест на Господа, нашиот Бог."
10. И им рече Фараонот: "Така нека биде; нека е Господ со вас. Kе ве пуштам, но зошто се децата ваши? Ете, лошо лукавство имате.
11. Не така, но да одите само мажите и заблагодарете Му на Господа, зашто тоа сами баравте." И ги истераа од кај Фараонот.
12. Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Протегни ја раката своја над земјата Египетска и ке излезат скакулци на земјата египетска, па да ја изадат сета трева по земјата, сиот плод што остана неудрен од градот."
13. И го крена Мојсеј стапот свој кон небото и над египетската земја наведе Господ јужен ветар, кој дуваше цел ден и цела нок; а кога се раздени, јужниот ветар довеа скакулци.
14. И ги навеа нив над целата земја египетска, и нападнаа по сите краишта египетски во голем број: такви скакулци никогаш немало, ниту такви ке има некогаш.
15. И го покрија лицето на земјата, така што на земјата ништо не се гледаше, и ја изедоа сета трева на земјата и сиот род по дрвјата и од тревата полска во целата земја египетска.
16. Тогаш Фараонот брзо ги повика Мојсеја и Арона и рече: "Прегрешив пред Господа, вашиот Бог, и пред вас.
17. Но уште сега прости ми го гревот мој, и молете Му се на својот Господ Бог да ја отстрани од мене само оваа смрт.
18. А, откако излезе Мојсеј од кај Фараонот, Му се помоли на Господа.
19. И сврте Господ ветар од морето, многу силен и тој ги крена скакулците и ги фрли во Црвено Море; и не остана ниту еден скакулец во целата земја Египетска.
20. Но Господ го затврдна срцето на Фараонот и тој не ги пушти синовите Израилеви.
21. И му рече Господ на Мојсеја: "Крени ја сега раката своја кон небото, и ке биде густа темнина по земјата Египетска, таква што дури опиплива ке биде.
22. И Мојсеј ја подигна раката свој кон небото, и настана густа темнина, мрак и бура по целата земја египетска, која потраја цели три дена.
23. Лу ето не се гледаа еден со друг три дена, и никој не се поместуваше од постелата своја три дена. Но по местата, каде што живееја синовите Израилеви, имаше виделина.
24. Тогаш Фараонот го повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Одете, заблагодарете Му на Господа, вашиот Бог; само овците ваши и воловите ваши нека останат, а имотот ваш нека оди со вас."
25. Но Мојсеј рече: "Не, ами ти треба да не‘ снабдиш со приноси и жртви сепалиници, што ке ги принесеме на Господа, нашиот Бог.
26. Затоа и добитокот наш нека оди со нас, да не остане ни копито; зашто од него треба да земеме нешто, со што ке му заблагодариме на Господа, нашиот Бог; но, додека не пристигнеме таму, не знаеме каква жртва ке Му принесеме на Господа."
27. И Господ пак го отврдна срцето на Фараонот и тој не сакаше да ги пушти.
28. И му рече Фараонот: "Истави се од пред мене, повеке да не ми излегуваш пред очи! И оној ден кога ке ми дојдеш пред очи, ке загинеш."
29. А Мојсеј рече: "Право кажа, нема повеке да ти го видам лицето."

  Exodus (10/40)