Exodus (1/40)  

1. А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јакова, таткото нивни; секој со целото свое семејство дојде.
2. Рувим, Симеон, Левиј и Јуда,
3. Исахар, Завулон и Венијамин,
4. Дан и Нефталим, Гад и Асир. А Јосиф, пак, беше во Египет.
5. И сите, кои произлегоа од Јакова, беа седумдесет и пет души.
6. Потоа Јосиф умре и сите браша негови, и сиот нивни род;
7. а синовите Израилеви се народија и се намножија, и беа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив.
8. Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосифа,
9. и му рече на народот свој: "Еве, народот на синовите Израилеви е многуброен и посилен од нас.
10. Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да не си отидат од земјата наша."
11. И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со работа. Така му ги изградија на Фараонот утврдените градови Питом и Рамзес и Он, наречен сега Илиопол.
12. Но, колку повеке ги мачеа, толку повеке се множеа, и се засилуваа многу, така што се плашеа Египтјаните од синовите Израилеви.
13. Затоа Египтјаните ги гонеа синивите Израилеви со жестокост,
14. и им го загорчуваа животот со тешки работи, со кал и правење тули, и со секаква работа во полињата, и со сите други работи, ги измачуваа немилосрдно.
15. Освен тоа, царот египетски им се обрати на бабиците еврејски, од кои на едната и‘ беше името Сепфора, а на другата Фуа;
16. и им рече: "Кога ке бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, запазете го!"
17. Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда царот египетски, туку ги оставаа децата од машки пол.
18. А царот египетски ги повика бабиците и им рече: "Зошто правите така и ги оставата машките деца во живот?"
19. А бабиците му одговорија на Фараонот: "Еврејките не се како жените египетски: зашто пред да дојде бабицата, тие веке родиле."
20. Бог, пак, им превеше на бабиците добро; а народот се множеше и многу се засилуваше.
21. И бидејки бабиците се плашеа од Бога, Бог им правеше добро за да преуспеваат во животот.
22. Тогаш му заповеда Фараонот на целиот народ свој, велејки: "Секое машко кое ке се роди кај Евреите, фрлете го в река: само женските деца оставајте ги во живот."

      Exodus (1/40)