Esther (9/10)  

1. Во дванаесеттиот месец, во месецот Адар, на тринаесеттиот ден, кога дојде време да се исполни заповедта на царот и на неговата повелба, во тој ден, кога непријателите на Јудејците, се надеваа да ја земат власта над нив, Јудејците ја зедоа власта над своите непријатели, -
2. се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Артаксеркс, да става рака врз своите напријатели, и никој не можеше да устои пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи.
3. И сите кнезови по областите и сатрапите и обасните намесници и извршители на царските дела ги помагаа Јудејците, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеја.
4. Оти Мардохеј беше силен во царскиот дом, и славата негова се пренесуваше по сите области, бидејки тој човек, Мардохеј, се издигаше се повеке и повеке.
5. Јудејците ги погубуваа сите свои нпријатели, убивајки ги со меч, ги умртвуваа и ги истребуваа; и постапуваа со нпријателите свои по своја воља.
6. Во престолнината Суза убија и истребија петстотини души;
7. и Фарсана и Нестана, и Делфона, и Фасгана,
8. и Фардатана, и Вареа, и Сарвакана,
9. и Мармасима, и Руфеја, и Арсеја, и Завутетама -
10. десетте синови на Амадатовиот син Аман, непријател на Јудејците, ги убија, но за грабеж рака не подадоа.
11. Во истиот ден му го соопштија на царот бројот на убиените во престолнината Суза.
12. Тогаш и рече царот на царицата Естира: "Во престолнината Суза Јудејците убија и истребија петстотини души и десетмина Аманови синови; а што ли извршиле во другите царски области? Каква е твојата желба? И таа ке биде удоволена. И каква е уште твојата молба? И таа ке биде исполнета."
13. Естира му одговори: "Ако му е на царот угодно, нека им биде дозволено на Јудејците во Суза, да го вршат истото и утре, она што беше денес, и десетте Аманови синови да бидат обесени на бесилка."
14. Царот заповеда да се направи така. Затоа беше издадена повелба во Суза, и ги обесија десетте Аманови синови.
15. Се собраа Јудејците, што беа во Суза, исто така и на четиринаесеттиот ден од месецот Адар и убија во Суза триста души, но за грабеж рака не пуштија.
16. И другите Јудејци, кои се нао аа во царските области, се собраа да го заштитуваат животот свој и да бидадт спокојни од своите непријатели, па убија од непријателите седумдесет и пет иљади, но за грабеж рака не пуштија.
17. Тоа стана на тринаесеттиот ден од месец Адар, и на четиринаесеттиот ден од тој месец тие се успокоија и направија ден за гозби и веселби.
18. А Јудејците, што беа во Суза, се собраа на тринаесеттиот ден и на четиринаесеттиот ден, а на петнаесеттиот ден се успокоија и ги направија ден за гозби и веселби.
19. Затоа Јудејците селани, што живееја во неутврдени села, го поминуваат четиринаесеттиот ден на месец Адар во веселби и гоштевки, како празник, и заемно си испракаат подароци; а оние што живеат во утврдените градови, го поминуваат и петнаесеттиот ден на Адар во добра веселба и им испракаат подароци на блиските.
20. Мардохеј ги опишта тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Артаксеркс, до блиските и далечните,
21. за да установат да го празнуваат секоја година четиринаесеттиот ден од месецот Арад и неговиот петнаесетти ден,
22. како дни, во кои Јудејците се успокоија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жалоста во радост и тагата - во празник, - за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испракаат подароци и дарови на сиромасите.
23. Јудејците го примија тоа, кое веке сами беа почнале да го вршат и за кое им пиша Мардохеј,
24. дека Вугеецот Аман, Амадатов син непријател на сите Јудеци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше жреб, за да ги истреби и погуби,
25. и како Естира отиде кај царот и како царот заповеда со ново писмо зласторничкиот план на Амана, што беше намислил за Јудејците, да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови.
26. Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур - жреб. Ете зошто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она, што сами го видоа и пропатија,
27. Јудејците установија и примија за себеси и за децата свои и за сите, што се присоединуваа кон нив, неодменливо да ги празнуваат тие два дена, според заповеданото за нив и на времето нивно, секоја година;
28. и да бидат тие дни за секавање и празнувани во сите родови, во секое племе, во секоја област и во секој град; а тие дни Пурим да не се менуваат кај Јудејците, па споменот за нив да не исчезне кај децата нивни.
29. Напиша и царицата Естира, керка Авихаилова, и Јудеецот Мардохеј, најупорно, да го исполнуваат тоа ново писмо за Пурим;
30. и испратија писмо со зборови за мир и правда до сите Јудејци во сто и дваесет и седум области на царот Артаксеркс,
31. за да ги пазат постојано тие дни Пурим за времето нивно, како што ги установија за нив Јудеецот Мардохеј и царицата Естира и како што сами ги определија за себеси и за децата свои, во дните на пост и плачење.
32. Така заповедта на Естира ја потврди таа наредба за Пурим, а таа се запиша и во книгата.

  Esther (9/10)