Esther (7/10)  

1. И дојде царот со Амана на гозбата кај царицата Естира.
2. Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време гоштевањето: "Која е твојата желба, царице Естира? Таа ке биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ке биде исполнета."
3. Царицата Естира одговори и рече: "Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба!
4. Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како роботи и робинки, јас ке молчев, макар непријателот и да не ја надомести штетата на царот."
5. Проговори царот Артаксеркс и ја праша царицата Естира: "Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?"
6. Естира му одговори: "Врагот и непријателот е овој злобен Аман!" И Аман затрепери пред царот и царицата.
7. И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека до царот го чека зло.
8. Кога царот се врати од градината при дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: "Сака дури и да ја обесчести царицата во куката моја!" Излезе зборот од устата на царот, - му го покрија лицето на Амана.
9. И рече Арвона, еден од царските слуги: "Еве ја бесилката, што ја беше приготвил Аман за Мардохеја, кој говореше добро за царот, стои во домот на Амана, висока е педесет лакти." И царот рече: "Обесете го на неа!"
10. И го обесија Амана на весилката, што тој ја беше направил за Мардохеја. Тогаш гневот на царот стивна.

  Esther (7/10)