Esther (6/10)  

1. Преку нокта Господ не му даде сон на царот. Затоа му заповеда на слугата да ја донесе книгата за дневните белешки; и ги читаа пред царот;
2. и се најде запишано таму, дека Мардохеј беше соопштил за двајцата царски слуги Гават и Тара, кои го чуваа прагот и правеа план да става рака врз царот Артаксеркс.
3. Царот запраша: "Каква чест и какво одликување му е дадено на Мардохеја за тоа?" Царевите дворјани, што му читаа одговорија: "Ништо не му е направено."
4. Кога царот се распрашуваше за Мардохеевото добро дело, дојде во дворот Аман, и праша царот: "Кој е во дворот?" Аман, пак, тогаш беше дошол во надворешниот двор на царот, за да го обесат Мардохеја на бесилката што ја беше приготвил за него.
5. Дворјаните му одговорија на царот: "Ете, Аман стои во дворот." Царот рече: "Нека влезе."
6. И Аман влезе. Царот го праша: "Што да му направам на таков човек кого сакам да го одликувам со почести?" Аман си помисли во срцето: кого друг би посакал царот да го одликува, освен мене?
7. И Аман одговори: "На таков човек, кого царот сака да го одликува со почести,
8. нека му донесат царска облека, со која царот се облекува, и да го доведат коњот, на кој царот јава, да му постават царски венец на главата негова,
9. и нека облеката и коњот, во рацете на еден од првите царски кнезови, да го облечат човекот, кого царот сака да го одликува, да го изведат на коњ на градскиот плоштад и да огласат пред него: Вака му се прави на оној човек, кого царот сака да го одликува со почести!"
10. Тогаш царот му рече на Амана: "Добро рече; веднаш земи ја облеката и коњот, како што рече, и направи му го тоа на Јудеецот Мардохеја, кој седи пред царската порта; ништо да не пропуштиш од тоа, што го кажа."
11. Ги зеде Аман облеката и коњот, го облече Мардохеја, го изведе на коњ на градскиот плоштад и објави пред него: "Вака му се прави на човек, кого царот сака да го одликува со почести!"
12. Мардохех се врати кај царската порта. Аман, пак, тргна во домот свој, натажен и со наведната глава.
13. И и раскажа Аман на жената своја Сереса, и на сите пријатели свои за се, што се случило со него. Тогаш мудреците негови и жената негова Сереса му рекоа: "Ако Мардохеј, поради кого ти почна да па аш, е од јудејско племе, ти нема да го надвиеш, туку навистина ке паднеш пред него, бидејки со него е живиот Бог."
14. Тие уште разговараа со него, и царските евнуси дојдоа и по поканија Амана да оди на гозбата, што ја беше приготвила Естира.

  Esther (6/10)