Esther (5/10)  

1. На третиот ден Естира, откако престана да се моли, ја соблече облеката на жалоста, се облече по царски, па откако се накити, Го повика Севидецот Бог и Спасителот, зеде две слугинки, и на едната се потпираше, како да се галеше, а другата одеше по неа и и ја придржуваше облеката нејзина. Таа беше прекрасна во цутот на убавината своја, а лицето и беше радосно, како да беше исполнето со љубов, но срцето и беше свиткано од страв. Таа застана пред внатрешниот двор на царскиот дом, пред домот на царот. А царот тогаш саедеше на својот царски престол во царскиот дом, токму спроти влезот на домот, облечен во полната облека на своето величие, целиот во злато и скапоцени камења, и беше многу страшен. Кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост во очите негови. Кога го сврте лицето свое, светнато од слава, тој погледна силно разгневен; и царицата падна духом, го измени лицето од премалување и се потпре врз главата на слугинката, што ја придржуваше. И Бог го измени духот на царот во кроткост, тој брзо стана од престолот свој и ја зеде во прегратките свои, додека таа да се соземе. Потоа тој ја утеши со умилни збориви и и рече: "Што ти е, Естира? Јас сум твој брат! Закрепи се нема да умреш, зашто нашата одредба е за обичните лу е; дојди!"
2. И царот го подаде кон Естира златниот жезал, што беше во раката негова. Естира се приближи и го допре крајот на жезалот, а царот го стави жезалот на нејзиниот врат, ја бакна и рече: "Говори." Таа му рече: "Јас видов во тебе, господару, како ангел Божји, па срцето мое се вознемири од страв пред твојата слава, зашто ти си прекрасен, господару, и лицето твое е исполнето со убавина." - Но додека говореше, таа падна од премаленост; царот се вознемири, и сите слуги негови ја храбреа.
3. Тогаш царот и рече: "Што ти е, царице Естира? Која е твојата молба? Дури и половината од царството ке ти биде дадно."
4. Тогаш Естира рече: "Денес имам празник. Ако му е на царот угодно, нека дојде царот со Амана на гозба, што сум му ја приготвила."
5. А царот рече: "Одете поскоро по Амана, за да стане според зборовите на Естира." И дојде царот со Амана на гозбата, што ја беше приготвила Естира.
6. И кога царот сакаше да пие вино, ја праша Естира: "Која ти е желбата? Таа ке биде исполнета. И каква е твојата молба? Макар да бараш и половина царство, тоа ке ти биде дадено."
7. Одговори Естира и рече: "Еве ја мојата желба и мојата молба:
8. ,Ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е угодно да ја удоволи желбата моја и да ја исполни молбата моја, тогаш нека дојде царот со Амана на гозба, што ке ја приготвам за нив и утре, па ке постапам според царскиот збор.‘"
9. Тој ден Аман излезе весел и расположен. Но кога Аман го виде Мардохеја при царската порта, и тој не стана и не се помести од местото пред него, Аман се исполни со гнев против Мардохеја.
10. Но Аман сепак се воздржа. А кога дојде во домот свој, испрати да ги повика пријателите свои и жената своја Сереса.
11. Аман им раскажа за големото свое богатство, за многуте свои синови и за се она, како царот го возвеличил и како го воздигнал над кнезовите и слугите царски.
12. И рече Аман: "Па и царицата Естира никого не повика со царот на гозбата, што ја беше приготвила, освен мене; така и утре сум поканет при неа со царот.
13. Но сето тоа не ме задоволува додека го гледам Јудеецот Мародхеја да седи пред царската порта."
14. И му рече жената негова Сереса, и сите негов и пријатели: "Нека приготват весилка, висока педесет лакти, и утре кажи му на царот да го обеси Мардохеја на неа, и тогаш оди весело на гозбата со царот." Му се допаднаа на Амана тие зборови, и тој нареди бесилката да биде направена.

  Esther (5/10)