Esther (3/10)  

1. Потоа царот Артаксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови;
2. и сите слуги на царот, при царската порта се поклонуваа и па аа ничкум пред Амана, бидејки така беше заповедал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не па аше на колена.
3. И му говореа на Мародхеја царевите слуги при царската порта: "Зошто ја кршиш царевата заповед?"
4. Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му јавија на Амана, да видат ке остане ли при зборот свој Мардохеј, бидејки им беше рекол дека е Јудеец.
5. Откако виде Аман, дека Мардохеј не се поклонува и не па а ничкум пред него, се исполни со гнев.
6. Но тој помисли дека не е добро да става рака само на Мардохеја; но бидејки му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Артаксерксово царство, како народ Мардохеев.
7. Па свика совет во првиот месец, што е месец Нисан, во дванаесеттата година на царот Артаксеркс, и фрлаа жреб пред Амана од ден на ден и од месец на месец, и падна жребот во еден ден да го погубат Мардохеевиот народ на дванаесеттиот месец, односно во месецот Адар.
8. И Аман му рече на царот Артаксеркс: "Има еден народ, распрснат ме у народите по сите краишта на твоето царство; законите нивни се разликуваат од законите на сите народи, и царските закони тие не ги исполнуваат; па не треба царот така и да ги остави.
9. Ако му е на царот угодно, нека заповеда да бидат истребени, и десет иљади таланти сребро ке измерам во рацете на распоредниците, за да ги внесат во царската ризница."
10. Тогаш царот го извади од раката прстенот свој и му го даде на Вугеецот Амана, синот Амадатов, за да ја потпечати повелбата против Јудејците.
11. И му рече царот на Амана: "Ти го предавам тебе тоа сребро и народот; прави со нив, што сакаш."
12. И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот ден негов, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, од Индиската област до Етиопија, над сто и дваесет и седум области, до кнезовите на секој народ, - на секоја област со нејзиното писмо, и до секој народ на јазикот негов: се беше напишано од името на царот Артаксеркс и потпечатено со царкиот прстен.
13. И беа распратени писма преку брзоодци до сите царски области, за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, мали и големи, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот дена на дванаесеттиот месец, односно, месец Адар, и имотот нивни да биде разграбен. Еве препис од тоа писмо: "Големиот цар Артаксеркс - до намесниците од Индија до Етиопија, над сто и дваесет и седум области и до потчинетите им началници. Царувајки над многу народи и владеејки над целата вселена, јас сакав, - да не се гордеам со власта, да управувам секогаш кротко и мирно, да ги направам животот на поданиците постојано спокоен и, зажувавајки го царството свое мирно и слободно во пределите негови, да го востановам саканиот за сите лу е мир. Но кога ги запрашав советниците, на кој начин да го направам тоа, тогаш оној, кој кај нас се одликува со мудрост и се користи со неизменливо благовление и кој што докажа цврста верност и доби втора по царот чест, Аман, ни објасни, дека ме у сите племиња на вселената се вовлекол еден непријателски народ, којшто поради законите свои е намразен од сите народи и којшто постојано не ги почитува царските заповеди, за да не се благуустрои беспрекорно раководеното од нас управување. И така, кога дознав, дека само тој народ секогаш му се противставува на секој човек оти води живот, ту на законите, и, притивејки се на нашите распоредби, извршува најголеми злосторства, така што нашето царство да на ја достигне благосостојбата, ние заповедавме посочените ви писма на Амана, поставен над робовите и втор наш татко, сите со жените и децата исцело да бидат истребени со непријателски меч, беа секакво сожалување и поштедување, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец Адар оваа година, и тие и порано и сега непријателски лу е, бидејки беа во еден ден беа насилно соборени во пеколот, да не ни пречат отсега натаму да живееме мирно и спокојно до крај."
14. Препис од писмото да се испрати до секоја област, како закон, којшто им се објавува на сите народи, за да бидат готови за оној ден.
15. Брзоодците тргнаа брзо со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза: и царот и Аман седеа и пиеја, а градот Суза беше вознемирен и во смут.

  Esther (3/10)