Esther (2/10)  

1. Откако стивна гневот на царот Артаксеркс, тој се сети на Астин и на она, што го направи таа и за решението за неа.
2. И рекоа царевите слуги, кои му служеа: "Да се побараат за царот млади и убави девојки,
3. а царот да определи во сите области на царството пратеници, што ке ги соберат сите млади и убави на изглед девојки во престолнината Суза, во женскиот дом под надзор на царскиот евнух Хигеј, чувар на жените, и да им дадат се што е потребно за дотерување.
4. И која девојка ке му се свиди да царот, таа да стане царица место Астин. Му се допаднаа на царот тие зборови, и тој постапи така.
5. Имаше во престолнината Суза еден Јудеец, по име Мардохеј, син на Јаира, син на Семеја, син Кисеев, од Венијаминовото племе.
6. Тој беше преселен од Ерусалим со плениците, изведени заедно со јудејскиот цар Јехониј, што го беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор.
7. Тој ја воспитуваше Адаса - а таа е Естир - керка на чичко му, бидејки таа немаше ни татко ми мајка. Таа девојка имаше тенка става и убаво лице, а по смртта на татко и, Мардохеј ја прибра при себеси место керка.
8. Кога беше објавена заповедта на царот и указот негов, и откога беа собрани многу девојки во престолнината Суза под надзор на Хигеја, тогаш беше земена и Естира во царскиот дом под надзор на Хигеја, чуварот на жените.
9. Таа девојка му се свиде и ја задоби неговата наклоност, и тој побрза да и даде масла и се, што и припа а, и да и определи седум достојни девојки да бидат при неа, во царскиот дом, па ја премести неа и девојките незини во најубавото одделение на женскиот дом.
10. Естира не го кажуваше ни народот свој, ни потеклото свое, бидејки Мардохеј и беше заповедал да не кажува.
11. И секој ден Мардохеј доа аше во дворот на женскиот дом, за да дознае за дравјето на Естира и што станува со неа.
12. Кога доа аше времето на секоја девојка да влезе при царот Артаксеркс, откако двенаесет месеци по ред беше извршувано над неа се, определено за жените, - зашто за толку време продолжуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи -
13. дури тогаш девојката влегуваше при царот. И што и да побараше таа, ке и дадеа и со тоа одеше од женскиот дом во домот на царот.
14. Вечерта таа влегуваше и утредента се вракаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веке не влегуваше при царот, - освен ако царот ја побараше, и ке ја повикаа по име.
15. Кога дојде време за Естира, керка на Аминадава, чичко Марохеев, кој ја беше прибрал при себеси место керка, - да оди при царот, таа не побара ништо, освен она, што и го кажа царскиот дворјанин Хигеј, чувар на жените. И Естира им се свиде на сите што ја видоа.
16. И беше земена Естира при царот Артаксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот Тевет, во седмата година на царувањето негово.
17. Царот ја засака Естира повеке од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеке од сите девојки; тој и стави на главата царски венец и ја постави за царица место Астин.
18. И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги при него, - гоштевање поради Естира и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост.
19. И кога вториот пат беа собрани девојките, и Мардохеј седеше при царската врата,
20. Естира се уште не говореше за своето потекло и за народот свој, според она како што и беше заповедал Мардохеј; и зборот на Мардохеја го исполнуваше и сега така, како и кога беше при него на воспитување.
21. Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Гавата и Тара, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што беше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Артаксеркс.
22. Кога дозна за тоа, Мардохеј и соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеја.
23. Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на летописот царски.

  Esther (2/10)