Ephesians (1/6)  

1. Павле, преку Божја волја апостол на Исус Христос, до светиите во Ефес и верните во Христос Исус:
2. благодат вам и мир од Бог, нашиот Татко и од Господ Исус Христос!
3. Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови во Христос, со секаков духовен благослов на небесата;
4. зашто нè избра во Него уште пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов:
5. Тој однапред нè определи за да нè посини преку Исус Христос, според благонаклоноста на Својата волја,
6. за да биде величана славата на Неговата благодат, со која нè дарува во Bозљубениот;
7. во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на престапите, според богатствата на Неговата благодат,
8. која изобилно ја излеа на нас. Bо секоја мудрост и разумност
9. ни ја соопшти тајната на Својата волја, според Својата благонаклоност, што ја одреди во Него,
10. за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата; за да соедини повторно во Христос сè што е на небесата и што е на земјата. Bо Него,
11. во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме однапред определени според намерата на Оној Кој прави сè по советот на Својата волја,
12. за да бидеме за величање на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христос.
13. Bо Него сте и вие, откако ја чувте пораката на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако поверувавте, запечатени со Светиот Дух на ветувањето,
14. кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за величање на Неговата слава.
15. Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господ Исус и за вашата љубов кон сите светии,
16. не престанувам да благодарам за вас, кога ве спомнувам во своите молитви,
17. та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во целосното познавање на Него.
18. Молам и да ви се просветлат очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото призвание, какво е богатството на славата на Неговото наследство во светиите,
19. и колку е ненадминлива Неговата сила кон нас кои веруваме - според дејствувањето на силата на Неговата моќ,
20. чие дејство го покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и го постави оддесно на Себеси на небесата,
21. далеку над секое началство, власт, сила, господство и над секое име кое се спомнува, не само во овој век, туку и во идниот.
22. И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за глава над сè, за црквата,
23. која е Негово тело - полнотата на Оној Кој исполнува сè во сè.

      Ephesians (1/6)