Ecclesiastes (7/12)  

1. Подобро е добар глас, отколку скапоцен елеј, и смртниот ден - од родениот ден.
2. Подобро е да одиш во кука каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во кука, каде што се гоштева, зашто таков е крајот на секој чпвек, и животот ке го приложи тоа кон срцето свое.
3. Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро.
4. на умните срцето им е во куката, каде што плачат, а на безумните во кука, каде што се веселат.
5. Подобро е да слушаш прекор од мудар, отколку да слушаш песни на безумен;
6. зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета!
7. Клеветењето го избезумува мудриот, а подароците го расипуваат срцето.
8. Крајот на една работа и подобар од почетокот нејзин; трпеливиот е подобар од горделивиот.
9. Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот почива во пазувите на безумните.
10. Не вели: "Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?", оти не е мудро да прашуваш за тоа.
11. Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето,
12. зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството за знаење е тоа, што мудроста му дава живот на оној, што ја има.
13. Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво?
14. Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него.
15. Се нагледав на се во моите суетни дни: праведниот загинува во својата праведност; нечесниот живее долго во нечесноста своја.
16. не бивај строг и немој да се покажуваш за многу умен, за да ен с4е избезумиш.
17. Не се предавај на грев и не станувај жесток; зошто да умреш предвреме?
18. Добро е, ако се држиш за едното но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој се бои од Бога, ке се избави од сето тоа.
19. Мудроста го крепи мудриот повеке од десет кнезови што се во градот.
20. Нема праведник на земјата, кој прави добро и никако да не греши;
21. затоа не обрнувај внимание на секој збор, што се кажува, за да не го чуеш и слугата свој, кога те навредува;
22. зашто срцето твое знае многу работи, кога и ти самиот си навредувал други.
23. Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: "Kе бидам мудар", но мудроста е далеку од мене.
24. А она што е така далеку и многу длабоко: кој ке го испита?
25. Се свртив со срцето свое, за да ги дознаам, изучам и истражам мудроста и разумот, и да го познаам безумието на нечестивиот, и жестокоста и лукавството,
26. и најдов, дека погорчливо до смртта е жената, зашто таа е мрежа, срцето нејзино - стапица, рацете најзини - окови; добриот пред Бога ке се спаси од неа, а грешникот ке биде уловен од неа.
27. "Ете, тоа најдов јас - рече Проповедникот - испитувајки едно по друго."
28. Што уште бараше душата моја, и не го најде? - Маж најдов еден на иљада, но жена ме у сите нив не најдов.
29. Само, ете, тоа го најдов, дека Бог го прави човекот добар, но лу ето се впуштаат во многу мудрувања.

  Ecclesiastes (7/12)