Ecclesiastes (6/12)  

1. Има едно зло, што го видов под сонцето, и често е ме у лу ето:
2. Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, шти и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло!
3. Ако некој изнароди сто синови, проживее многу години и уште му се зголемат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ке нема дури ни погреб, подобро му е, велам, на недоносенче отколку нему,
4. зашто залудо дошле и отишле во темнина, и името му е покриено со мрак.
5. Тое дури и не го видело и не го познало сонцето: но поспокојно е од оној.
6. А оној, макар и да проживеал и две иљади години, без наслада од добрата, нема ли да појде се на исто место?
7. Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити.
8. А каква предност има умниот пред безумниот, каква - сиромавиот, кој умее да се однесува пред лу ето?
9. Подобро е да гледаш со очи, отколку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот.
10. Она што постои, тоа е веке наречено со име, и се знае, дека е тоа - човекот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него.
11. Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е за човекот подобро?
12. Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ке му каже на човекот, што ке стане по него под сонцето?

  Ecclesiastes (6/12)