Ecclesiastes (5/12)  

1. Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом, и биди готов повеке да слушаш, отколку да гледаш како безумните принесуваат жртви; зашто тие не знаат, оти вршат зло.
2. Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господа; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу.
3. Зашто, како што соништата доа аат при многу грижи, така и гласот на безумниот се познава од многуте зборови.
4. Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Он не ги сака безумните: она што си ветил изврши го.
5. Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.
6. Не и дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не говори пред Ангелот Божји: "Тое е грешка!" зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои?
7. Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но затоа бој се од Бога.
8. Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот на правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив - уште повисок;
9. но од се покорисна е земјата; и царот на нивата и служи.
10. Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има корист од тоа. И тоа е суета!
11. Се зголемува ли имотот - се зголемуваат и потребите негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои?
12. Сладок е сонот за оној, кој се труди, - па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.
13. Има едно тешко зло, што сум го видел под сонцето: богатство, што се чува за зло на оној, чие е.
14. А тоа богатство може да се изгуби во негодно време, па на синот што го родил да не му остане ништо во рацете негови.
15. Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе.
16. Големо зло е тоа што оди како што дошол. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо?
17. А тој во текот на целиот живот јадел во темно, и многу се грижел, ожалостувал и јадосувал.
18. Еве уште што најдов за добро и пријатно: да јаде и да пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои се труди под сонцето преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел.
19. И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се ползува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, - тоа е Божји дар.
20. Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето.

  Ecclesiastes (5/12)