Ecclesiastes (3/12)  

1. Се има свое време, и секоја работа под небото има свое време;
2. време кога ке се родиш, и време кога ке умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;
3. време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради;
4. време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра;
5. време кога се расфрлуваат камиња, и време кога се собраат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки;
6. време кога се добива, и време кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура;
7. време кога се раскинува, и време кога се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува;
8. време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир.
9. Каква полза има оној што работи од она, над што се труди?
10. Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се мачат онолу нив.
11. Сето она што Он го направил да биде прекрасно во свое време, и го вложи во срцата нивни, но да не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Он ги врши од почетокот до крајот.
12. Разбрав, дека за нив нема ништо подобро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој.
13. Кога сеој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји.
14. Разбрав, оти се, што прави Господ, останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се бојат пред лицето Негово.
15. Она што било, тоа е и сега, и она што ке биде, тоа веке било, - зашто Бог го врака она што изминало.
16. И уште видов под сонцето: место закон, а таму беззаконие; место правда, а таму неправда.
17. И си реков во срцето свое: "Праведниот и нечесниот Бог ке ги суди, бидејки таму има време за секоја работа и суд за секое дело."
18. Си реков во срцето свое и за синовите човечки - дека Бог ке ги испита, и Kе им покаже оти тие сами по себе се животни,
19. зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - се е суета!
20. Се оди на едно место: се произлегува од земјата, и се ке се врати во земјата.
21. Која знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?
22. И така, јас видов оти нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејки тоа е негов дел; зашто, кој ке го доведе после да го погледа она, што ке биде по него?

  Ecclesiastes (3/12)