Ecclesiastes (2/12)  

1. Си реков во срцето свое: "Ајде ке те испитам во веселба: уживај во наслади!" Но ете, и тоа беше суета!
2. На смевот му реков - лудуваш, и на веселбата - што правиш?
3. Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста се додека да видам, што е подобро за синовите човечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови на својот живот.
4. Презедов големи работи: си изградив куки, си насадив лозја,
5. си уредив градини и садници и посадив таму секакви овошни дрвја;
6. си направив водостои за поливање на ливадите, во кои растат дрвјата;
7. придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеке од сите, што беа пред мене во Ерусалим;
8. насобрав сребро и залто и скапоцености од цареви и области; си доведов пеачи и пеачки и тоа, што ги насладува синовите човечки.
9. И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Ерусалим; а и мудроста моја остана со мене.
10. Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забравував на срцето свое никаква веселба, бидејки срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше дел од сите мои трудови.
11. И се обsрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајки ги: и ете - се беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето!
12. Потоа се свртив да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човек по царот, посебно од она, што е веке направено?
13. И видов, дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината:
14. на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав, дека крајот на сите им е еднаков.
15. Тогаш си реков во срцето свое: "И мене ке ме стигне истото, како и глупавиот; Зошто толку многу сакав да станам мудар?" Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета.
16. Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време се ке се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот.
17. Тогаш го намразив животот, бидејки ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто се е суета и измачување на духот.
18. И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што треба да го оставам на човек, што ке дојде по мене.
19. И кој знае: мудар ли ке биде тој или глупав? А тој ке располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мударо под сонцето. Но и тоа е суета!
20. Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел под сонцето,
21. зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, - како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо!
22. Оти, што му останува на човекот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди под сонцето?
23. Бидејки сите денови му се мачни, а трудивите негови - неспокојство; дури и ноке срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета!
24. И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов, оти и тоа е од Божјата рака;
25. зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога?
26. Он му дава мудрост, и разум и радост на човека, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, - да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

  Ecclesiastes (2/12)