Ecclesiastes (12/12)    

1. И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови не настанале години, за кои ке речеш: "Не ми се мили;"
2. додека сонцето и светлината на месечината и на sвездите не потемнеле, и не дошле пак црни облаци по дождот;
3. додека не настапил оној ден, кога кукните стражари ке затреперат, и силни мажи ке се подгрбават, кога воденичките ке престанат да мелат, бидејки останале малку; кога ке се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;
4. кога портата ке почне да се затвора; кога ке молкне шумот на оние што мелат, и кога човек ке почне да станува на птичји глас, и керките - пеачки ке замолкнат;
5. кога висините за нив ке бидат страшни, и по патот ке има ужаси; кога ке процути бадемот, и скакулецот ке стане тежот, и желбата ке помине; зашто човекот заменува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица;
6. додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.
7. И ке се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ке се врати кај Бога, Кој го дал.
8. Суета над суетите, вели проповедникот, се е суета!
9. Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој се испитуваше, изучуваше и остави многу мудри паримии.
10. Проповедникот се трудеше да најде убави изреки и точно ги запиша зборовите на вистината.
11. Зборовите на мудреците се како острени, и како забиени клинци; зборовите на оние што ги напишаа, дадени се од единствениот Пастир.
12. А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги - тоа нема крај, а да читаш многу - и тоа е заморно за телото.
13. А суштината на се е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот;
14. оти Бог ке изведе на суд секоја работа и што е тајно, било да е добро или лошо.

  Ecclesiastes (12/12)