Ecclesiastes (11/12)  

1. Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ке го најдеш.
2. Давај дел на седум душ, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ке настане на земјата.
3. Кога ке се наполнат обалците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кој југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало.
4. Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее.
5. Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава се.
6. Исутрина сеј го семето и навечер нека ти мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеке ке успее, или едното и другото ке бидат еднакво добри.
7. Слатка е светлината, и пријатно е за очите да гледаш сонце.
8. Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ке ги има многу: но се што ке биде, ке биде суета!
9. Весели се во малдоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај, дека за сето тоа Бог ке те изведе на суд.
10. Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!

  Ecclesiastes (11/12)