Ecclesiastes (1/12)  

1. Зборовите на проповедникот, син Давидов, цар ерусалимски.
2. Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите - се е суета!
3. Каква е користа за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето?
4. Род еден си заминува, и род друг доа а, а замјата си постои секогаш.
5. Сонцето изгрева и зао а, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева.
6. Ветрот вее кон југ и се врти кон север, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг.
7. Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се вракаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат пак.
8. Секоја работа бара труд: човекот не може се да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша.
9. Она што било, пак ке биде, и она што се правело, пак ке се прави - нема ништо ново под сонцето.
10. Иако за нешто се рече: "Види, ете, тоа е ново"; но тоа веке било во текот на вековите, што биле пред нас.
11. Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ке биде подоцна.
12. Јас, проповедник, бев цар над Израилот во Ерусалим;
13. и го управив срцето свое да истражувам и да испитува преку мудроста се, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите човечки, за да се занимаваат со неа.
14. Ги видов сите работи, што се вршат под сонцето, и ете - се е суета и мака за духот.
15. Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои.
16. Си велев во срцето свое: "Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеке од сите, што беа пред мене над Ерусалим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење."
17. И го упарвив срцето свое да ја познае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав, оти и тоа е мачно за духот;
18. зашто при големата мудрост големо е и страдањето, и кој умножува знаење, умножува и мака.

      Ecclesiastes (1/12)