Deuteronomy (9/34)  

1. Чуј, Израиле: ти денес ке го минеш Јордан да завладееш народи, поголеми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,
2. лу е големи, и многубројни, и високи, Енаковите синови, за кои знаеш и си слушал: ‘Кој може да им се противстави на Енаковите синови?‘
3. Но сега знај, дека Господ, твојот Бог, е пред тебе како оган, што гори: Он ке ги одврати од лицето твое и наскоро ке ги истреби, како што ти рече тебе Господ.
4. Кога ке ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: ‘Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа добра земја;‘
5. не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради беззаконијата на тие народи Господ, твојот Бог, го изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, за кој им се заколна Господ на татковците ваши: Авраама, Исака и Јакова;
6. затоа знај сега, дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, - бидејки вие сте лу е жестоки.
7. Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустињата: од оној ден, кога излеговте од Египетската земја, па се‘ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господа.
8. и при Хорив вие Го разгневивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби,
9. кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ ви ги беше ветил вам; и останав на планината четиеисет дена и четириесет ноки, леб на јадев и вода не пиев;
10. и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа напишани сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.
11. Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноки, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,
12. и ми рече Господ: ‘Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати многу брзо; тие се отстранија од патот, што им го заповедав; тие си направија идол.‘
13. И ми рече Господ: ‘Јас ти говорев еднаш и двапати: го гледам тој народ, ете, тој е народ жесток;
14. остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе да направам народ поголем, посилен и помногуброен од нив.‘
15. Јас се свртив и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;
16. и видов, дека вие бевте згрешиле против Господа, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите;
17. тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.
18. И Му се помолив на Господа пак, како и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноки леб на јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господа, вашиот Бог, и Го разгневивте;
19. бидејки јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.
20. А и на Арона силно се разгневи Господ и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арона.
21. А гревот ваш, што го направивте, телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.
22. И во Тавер, и во Маса и во местото: Киврот-Атави вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог.
23. И кога Господ ве прати од Кадис-Варни, со зборовите: ‘Одете и наследете ја земјата, што ви ја давам,‘ - вие и‘ се противставивте на зеповедта на Господа, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.
24. Вие Му бевте непокорни на Господа уште од оној ден, откога ве запознав.
25. И Му се молев на Господа, Го молев четириесет дена и четириесет ноки, бидејки Господ сакаше да ве истреби;
26. Му се молев на Господа и реков: ‘Господи, Господи, Цару на боговите, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака и цврста мишка;
27. спомни Си за Твоите слуги Авраама, Исака и Јакова, на кои им се заколна со Себе; не глдај на жестокоста на овие лу е, ниту на нечесноста нивна, ниту пак на гревовите нивни,
28. за да не речат жителите на оваа земја, од каде што не‘ изведе: - Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустињата, -
29. а пак овие лу е се Твои и Твој избор, што Ти ги изведе од Египетската замја со големата сила Своја и цврстата Своја мишка.‘

  Deuteronomy (9/34)