Deuteronomy (8/34)  

1. "Сите заповеди, кои денес ви ги кажувам, настојувајте да ги исполнувате, за да бидете живи и да се множите, и да отидете и да ја наследите добрата замја, која Господ Бог со клетва им ја вети на вашите татковци.
2. И помни го целиот пат, по кој што те водеше Господ, твојот Бог, по пустињата еве веке четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или, пак, не.
3. Он те смируваше, те мачеше со глад и те хранеше со мана, која ти не ја знаеше, не ја знаеја ни твоите татковци, за да ти покаже, дека човекот не живее само од леб, но човекот живее и од секој збор што излегува од устата на Господа;
4. облеката твоја не изветве на тебе, и ногата твоја не отече, еве веке четириесет години.
5. И знај во срцето свое, дека Господ, твојот Бог, те казнува како што човекот го казнува синот свој.
6. Затоа почитувај ги заповедите на Господа, твојот Бог, оди по патиштата Негови и бој се од Него.
7. Зашто Господ, твојот Бог, те води во добра и богата земја, каде што по полињата и планините, течат потоци, а има и извори и езера,
8. во земјата на пченицата, јачменот, лозјата, смоквите и калинките; во земја, каде што има маслинов елеј и мед;
9. во земја, каде што ке го јадеш лебот свој без недостаток и од ништо нема да имаш потреба, - во земја, каде што камењата се железо, и од планините ке копаш бакар.
10. И кога ке јадеш и ке бидеш сит, благословувај Го Господа, твојот Бог, за добрата земја, што ти ја даде.
11. Гледај да не го заборавиш Господа, твојот Бог, не почитувајки ги заповедите Негови и наредбите Негови, кои денес ти ги кажувам.
12. Кога ке јадеш и ке бидеш сит, и изградиш убави куки и ке се вселиш во нив,
13. кога ке ти се намножат говедата и овците и кога се збогатиш со многу сребро и злато, и од се‘ ке имаш во изобилие,
14. гледај, да не се возгордее срцето твое, та да заборавиш на Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската замја, од домот на ропството;
15. Кој те преведе преку големата и страшна пустиња, каде што има змии што загризуваат, скорпии и суви места, во кои нема вода; Кој ти извади вода од најтврда карпа, и
16. те хранеше во пустињата со мана, која ти не ја знаеше, а и таковците твои не ја знаеја, за да те смири и да те искуша, па да ти направи потоа добро,
17. и за да не кажеш во срцето свое: ‘мојата сила и цврстината на мојата рака го здобија ова богатство,‘
18. но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Он ти даде сила за да се здобиеш со богатство, за да го исполни, како денес, Својот завет, кој со клетва го беше потврдил на татковците твои.
19. Ако пак Го заборавиш Господа, твојот Бог, и тргнеш по други богови, служејки им и поклонувајки им се, ви сведочам денес со небото и со земјата, дека ке изгинете;
20. онака како народите, кои Господ Бог ги уништи пред вас: така ке загинете и вие, затоа што не го послушавте гласот на Господа, вашиот Бог."

  Deuteronomy (8/34)