Deuteronomy (7/34)  

1. "Кога Гсопод, твојот Бог, ке те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја наследиш, и ги изгони од пред тебе многубојните народи: Хетејците, Гергесијците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, - седум народи, кои се побројни и посилни од вас.
2. И ке ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, - тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
3. и не се ородувај со нив: керката своја не ја давај на синот негов, и керката негова не земја ја за синот твој,
4. зашто тие ке ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ке се разгори врз вас гневот на Господа и Он ке те истреби.
5. Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги и дабовите нивни исечете ги и резаните ликови нивни со оган изгорете ги;
6. зашто ти си свет народ на Господа, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов соспствен народ ме у сите народи, што се на земјата.
7. Не затоа, дека сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, - бидејки вие сте помалубројни од сите народи, -
8. туку затоа што Господ ве засака и за да ја одржи клетвата, со која Он им се беше заколнал на татковците ваши, и ве изведе Господ со силна рака и цврста мишка и те ослоободи од домот на ропството, од раката на Фараонот, египетскиот цар.
9. И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази од иљада поколенија Својот завет и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови;
10. а оние, што Го мразат, ги казнува нив, и ги погубува; Он не заборава да го казни тпкму оној, кој Го мрази.
11. И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, кои денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.
12. И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ке го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Он на татковците ваши;
13. ке те засака, ке те благослови, ке те намножи и ке го благослови плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја: пченицата твоја, и виното твое, и елејот твој, и родот на воловите твои, и стадата на овците твои, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои дека ке ти ја даде;
14. благословен ке бидеш повеке од сите народи: нема да има ни бесплоден ме у вас, ни бесплоден ме у добитокот твој;
15. и ке ја отстрани од тебе Господ, твојот Бог, секоја немок, и никакви лути египетски болести, што си ги видел, и кои ги знаеш, нама да испрати врз тебе, и ке ги испрати на сите што те мразат;
16. и ке ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејки тоа е јамка за тебе.
17. Ако кажеш со срцето свое: ‘овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?‘
18. не плаши се од нив, спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со Фараонот и со целиот Египет.
19. Сети се за оние големи искушенија што ти ги видоа очите твои, на оние знаци, и на големите чуда и на силната рака и цврстата мишка, со кои те изведе Господ, твојот Бог; тоа исто ке го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се боиш;
20. И стршели ке испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе;
21. не плаши се од нив, бидејки Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен.
22. И Господ, твојот Бог, ке ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не стане замјата пуста и да се намножат против тебе дивите sверови;
23. но ке ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ке ги победиш во големи борби, се‘ додека не загинат;
24. и ке ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ке го истребиш името нивно од под небото: никој нема да устои против тебе додека не ги истребиш.
25. Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејки е тоа одвратност пред Господа, твојот Бог;
26. и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш проколнат, како тие; одвракај се од тоа и гнаси се од него, бидејки тоа е проклетство.

  Deuteronomy (7/34)