Deuteronomy (6/34)  

1. "Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите:
2. да се плашиш од Господа, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, кои денес ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.
3. И така, чуј Израиле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол, дека тебе ке ти даде земја, каде што тече мед и млеко. (Тоа се наредбите и законите, што им ги заповеда Господ Бог на синовите Израилеви во пустињата, откако излегоа од Египетската земја.)
4. Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ,
5. сакај Го Господа, твојот Бог, од се‘ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!
6. Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во срцето твое и во душата твоја;
7. и пренесувај им ги на децата свои и говори за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
8. и врзи ги на раката своја како знак и да ти биде тој непоколеблив пред очите твои,
9. и напишете ги на надвратникот на куките ваши на вратите ваши.
10. Кога, пак, ке те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои - Авраама, Исака и Јакова, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел,
11. и со куки, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па јади и наситувај се!
12. Тогаш пази да не се одврати срцето твое и да Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
13. Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, и кон Него биди приврзан и во Негово име колни се!
14. Не одете по други богови, богови на оние народи, што ке бидат околу вас;
15. зашто Господ, твојот Бог, Кој е покрај тебе, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господа, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Он од лицето на земјата.
16. Не искушувајте Го Господа, вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса.
17. Пазете ги цврсто заповедите на Господа, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што ти ги заповедав тебе;
18. и вршете го она што е право и добро пред очите на Господа, твојот Бог, за да ти биде добро и да влезеш и да ја наследиш добрата земја, за која Господ со клетва им ја вети на татковците ваши,
19. и дека Он ке ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што говореше Господ.
20. Ако еден ден синот твој те запраше, велејки: ‘Што значат тие заповеди, наредби и закони, кои ви ги заповеда Господ, Бог ваш?‘
21. Кажи му ги тогаш на синот твој: ‘Ние бевме робови на Фараонот во Египет, но Господ Бог не‘ изведе од Египет со силна рака и цврста мишка,
22. и покажа Господ Бог знаци и големи чуда и поразии над Египет, над Фараонот и над целиот дом негов и над војската негова, пред очите наши;
23. и нас не‘ изведе Господ Бог оттаму за да не‘ воведе и ни ја даде оваа земја, за која Господ Бог им се заколна на нашите татковци дека ке ни ја даде.
24. И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се боиме од Господа, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме животот свој, како и денес.
25. И ке имаме милост, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Господа, нашиот Бог, како што ни заповеда Он.‘

  Deuteronomy (6/34)