Deuteronomy (5/34)  

1. Тогаш Мојсеј го свика сиот Израил и им рече: "Слушај ги, Израиле, наредбите и законите што ви ги кажувам денес во ушите ваши, научете ги и трудете се да ги исполнувате.
2. Господ, нашиот Бог, склучи со вас завет на Хорив.
3. Тој завет Господ не го склучи со нашите татковци, туку со нас, кои сме сега тука сите живи.
4. Лице кон лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:
5. ја, пак, стоев ме у Господа и ме у вас во тоа време, за да ви ги пренесувам зборовите Господови, бидејки вие се плашевте од огнот и не излеговте на планината. Он тогаш рече:
6. "Јас сум Господ, твојот Бог, Кој те изведов од Египетската земја, од домот на ропството;
7. да немаш други богови пред лицето Мое!
8. Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата,
9. не им се клањај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено,
10. и Кој покажува милост до иљадници поколенија кон оние, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
11. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го очисти оној, што го употребува името Негово напразно!
12. Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог;
13. шест дена работи и врши ги сите работи,
14. а седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни керката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни оселот твој, ниту некој твој добиток, ниту придојдениот твој, кој е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја и оселот твој, како и ти.
15. И запомни, дека ти беше роб во Египетската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со цврста рака и со висока мишка; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден и да ти е свет.
16. Почитувај го таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
17. Не убивај!
18. Не врши прељуба!
19. Не кради!
20. Не сведочи лажно против ближниот свој!
21. Не ја пожелувај жената на ближниот свој и не го пожелувај домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ниту робот негов, ниту робинката негова, ниту волот негов, ниту оселот негов ниту како и да било добиток негов, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!‘
22. Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеке не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде.
23. И кога го чувте гласот од мракот, и планината гореше во оган, вие се приближивте до мене, сите началници на вашите племиња и старешините ваши,
24. говорејки: ‘Ете, ни ја покажа Господ, нашиот Бог, славата Своја и го чувме гласот Негов од огнот; денес видовме, дека Господ му говореше на човек, и тој остана жив.
25. А зошто сега да умреме? Бидејки тој голем оган ке не изгори; ако пак гу чуеме гласот на Господа, нашиот Бог, ке умреме;
26. кое е тоа тело што го чуло, како ние, гласот на живиот Бог, Кој говореше од огнот, а да останало живо?
27. Пристапи ти и послушај се‘, што ти вели Господ, нашиот Бог, кажи ни се‘, што ке ти каже Господ, нашиот Бог, а ние ке послушаме и така ке правиме.‘
28. И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‘Ги чув зборовите на твојот народ, кој ти говореше; се‘ што рекоа, е добро.
29. О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ке им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘
30. Оди и кажи им: ‘Ватете се во домовите ваши!
31. а ти остани тука со Мене, и Јас ке ти го кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, како да постапуваат во онаа земја, што им ја давам во наследство.‘
32. Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево;
33. одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ке ја добиете во наследство."

  Deuteronomy (5/34)