Deuteronomy (4/34)  

1. "И така, Израиле, послушај ги наредбите и законите, на кои јас денес ве учам да ги исполнувате, за да бидете живи и да се размножувате и да отидете и да ја наследите онаа земја, кој Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство;
2. не додавајте ни збор повеке на она што ви го заповедам, ниту да одземате од него; исполнувајте ги заповедите на Господа, вашиот Бог, кои јас денес ви ги предавам;
3. очите ваши видоа се‘, што Господ, Бог наш, му направи на Велфегор; зашто Господ, Бог наш, ке го истреби од средината твоја секој, што ке го следи Велфегор;
4. а вие, кои му припа ате на Господа, вашиот Бог, сите сте живи до ден денес.
5. Ете, ви ги изнесов наредбите и законите, кои ми ги предаде Господ, Бог мој, за да постапувате така во замјата, во која влегувате, за да ја наследите.
6. И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ке ги чујат сите тие наредби, ке речат: овој голем народ е мудар и разумен народ.
7. Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да го повикаме?
8. И им ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони, како целиот овој закон, што ви го предавам денес?
9. Само пази се и грижливо чувај ја душата своја, за да не ги заборавиш делата, што ги видоа твоите очи, и тие да не излегуваат од срцето твое, во сите денови на твојот живот, и да продолжат така и синовите твои, и синовите на синовите твои.
10. Во оној ден, кога стоевте пред Господа, вашиот Бог, при Хорив, кај скинијата, и кога ми рече Господ: ‘Собери го при Мене народот, за да им ги кажам Моите зборови, од кои ке научат да се бојат од Мене во сите денови на својот земен живот и да ги научат синовите свои.‘
11. Вие се доближивте и застанавте по планината, а планината гореше во оган до самото небо; и имаше темнина, облак и мрак, и ветер.
12. И Господ ви говореше на планината од средината на огнот; гласот на зборовите негови ги чувте, но образ не видовте, туку чувте само глас.
13. И Он ви го објави заветот Свој, и ви заповеда да ги исполнувате десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи.
14. Тогаш Господ ми заповеда да ве научам на наредбите и законите, за да ги исполнувате во земјата во која влегувате, да ја наследите.
15. Бидете цврсто убедени во душите свои, бидејки не видовте никакво лице во оној ден, кога Господ ви говореше, во гората Хорив од средината на огнот.
16. Не вршете беззаконија, правејки си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена,
17. лик на некое животно што е на земјата, лик на некоја перната птица, која лета под небото,
18. лик на секаков гад што ползи по земјата, лик на секаков вид риба, која е во водата подолу од земјата;
19. и да не се соблазниш ти, кога ке погледнеш кон небото и го видиш сонцето, месечината и sвездите и сета убавина небеска, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото.
20. А вас, пак, Господ Бог ве зеде и ве изведе од железната печка, од Египет, та да бидете народ Негов, како што сте тоа денес.
21. И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна, дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.
22. Јас ке умрам во оваа земја, а да не го минам Јордан, додека вие ке минете и ке ја заземете таа убава земја.
23. Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас, и да ни се правите каквигоде резани ликови, како што ти заповеда Господ, твојот Бог;
24. бидејки Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител.
25. Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ке поживеете долго на земјата, почнете да вршите беззаконија и направите каковгоде резан лик, со тоа ке направите зло пред очите на Господа, вашиот Бог, и така ке Го разгневите.
26. Денес, еве, ви сведочам со небото и со земјата, дека наскоро ке ја изгубите оваа земја, во која одите да ја наследите од онаа страна на Јордан; нема да останете во неа долго, ами ке загинете.
27. И ке ве растури Господ по сите народи, и ке станете малубројни ме у народите, кај кои ке ве одведе Господ;
28. и таму ке им служите на нивните богови, што рака човечка ги направила од дрво и камен, кои не гледаат и не чујат, не јадат, и не мирисаат.
29. Но таму кога ке Го побарате Господа, вашиот Бог, ке Го најдете, ако Го побарате од се‘ срце и од целата душа во вашата жалост.
30. Кога ке западнеш во тага, и кога сето тоа со време ке те снајде, ти ке Му се обрнеш на Господа, твојот Бог, и ке го чуеш гласот Негов.
31. Господ, твојот Бог, е Бог благ и милосрден; Он нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите татковци, на кои со клетва им го потврдил.
32. Зашто, запрашај се за поранешните времиња, што беа пред тебе, од оној ден, кога Бог го создаде човекот на земјата, и од едниот крај на небото до другиот; имало ли нешто такво како ова големо дело, или се чуло ли за слично на него?
33. Го чул ли некој народ некогаш гласот на живиот Бог, Кој говори од оган, како што ти чу, и остана жив?
34. Зар не виде дека Бог отиде и си зеде народ од другите народи преку порази, претскажувања и чудеса, преку војна, и со силна рака, со висока мишка и со големи ужаси, како што направи за вас Господ, вашиот Бог, во Египет пред твоите очи?
35. Тебе ти е дадено да го разбереш тоа, за да знаеше дека само Господ, твојот Бог е Бог и дека нема друг освен Него.
36. Он ти дозволи од небото да го чуеш гласот Негов, за да те научи, а на земјата ти го покажа Својот голем оган, и ти ги слушаше зборовите Негови од огнот;
37. бидејки Он ги засака твоите татковци и ве избра вас, потомците нивни по нив, и те изведе Сам со големата сила Своја од Египет,
38. за да ги порази од пред тебе народите што беа поголеми и посилни од тебе, да те воведе и да ти ја даде земјата нивна во наследство, која сега ја имаш.
39. И така, знај сега и вразуми се, дека Господ, твојот Бог, е Бог на небото горе и на земјата долу, и нема друг освен Него;
40. и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови, кои денес ти ги давам за да биде добро за тебе и за твоите синови по тебе и да останеш долго во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш,"
41. Тогаш Мојсеј оддели три града од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето,
42. за да избега таму убиец, кој не сакајки ке убие ближен свој, а да не му бил непријател ни вчера, ниту завчера, и, откако ке избега во еден од тие градови, да остане жив.
43. Восор во пустињата, населена од племето Рувимово, и Рамот во Галад, наследство Гадово, и Гавлон во Васан, земја на племето Манасиево.
44. Тоа е законот што Мојсеј им го предложи на синовите Израилеви;
45. тоа се заповедите, наредбите и законите, кои Мојсеј им ги кажа на синовите Израилеви во пустињата откако беа излегле од Египет,
46. од онаа половина на Јордан, во долината во близина на домот Фогоров, во земјата на Аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, кого Мојсеј го разби со синовите Израилеви, откако беа излезени од Египет.
47. И ја наследија земјата негова и земјата на васанскиот цар Ог, обајцата цареви на Амореја, која е од онаа половина на Јордан, откај изгревот на сонцето,
48. од Ароир, при устието на потокот Арнон, до планината Сион, тоа е и Ермон;
49. и целиот Арав од оваа страна на Јордан кон исток, под самиот Асидот.

  Deuteronomy (4/34)