Deuteronomy (32/34)  

1. Внимавај, небо, јас ке говорам; и нека ги слуша и земјата зборовите од устата моја.
2. Да се разлее како дожд заветот мој, како роса да паднат зборовите мои, како пороен дожд на троскот и како слана на сено.
3. Името Господово ке го призовувам; воздајте Му слава на нашиот Бог!
4. Он е тврдина; делата Божји се вистина, а сите патишта Негови се праведни; Бог е верен и направда нема (во Него); Он е праведен и вистинит;
5. но тие станаа и згрешија пред Него, тоа не се Негови деца поради пороците свои; род дрзок и развратен.
6. Тоа ли Му го воздавате на Господа, народе глупав и безумен? Нели е Он твој Отец, Кој те создаде, те усвои и те издигна?
7. Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија; прашај го татка си - и тој ке ти каже, старците свои - и тие ке ти речат.
8. Кога Севишниот го разделуваше наследството на народите и ги расејуваше синовите Адамови, тогаш стави граници ме у народите според бројот на снгелите Божји,
9. зашто делот на Господа е Неговиот народ; Јаков е наследството Негово.
10. Он го најде во пустињата, во земја везводна, го заштитуваше, се грижеше за него, го чуваше како зеница на окото свое;
11. како што орелот го покрива гнездото свое, и сакајки ги орлињата, ги раширува криљата свои, ги зема и ги носи на педувите свои,
12. така Господ Сам ги водеше нив, и немаше со Него ту бог.
13. Он ги искачи на земната височина, ги заситуваше со полски жита и ги хранеше со мед од камен и елеј од тврда карпа;
14. со кравјо масло и овчо млеко, и со лој од јагнињата, од овците, од јунците, и од козлите, со најдобро жито, и тие пиеја вино, крв од грозје.
15. И јадеше Јаков и се насити, но се одврати од таа љубов, и откако се прошири, Го остави Бога, Кој го создаде, и отстапи од Бога, Спасителот свој.
16. Со ту и богови Ме раздразнија и со одвратности свои Ме загорчија:
17. им принесуваа жртва на бесовите, а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа, на боговите нови и непознати, кои татковците нивни не ги виделе.
18. А хранителот, кој те родил, ти Го остави, и Бога, Кој те создал, Го заборави.
19. И Господ виде, па се налути и се раздразни поради гревот на синовите Свои и керките Свои,
20. и рече: "Kе го свртам лицето Свое од нив и ке им го покажам крајот нивни: бидејки тие се развратен род, синови, во кои нема вера;
21. тие Ме раздразнија со она што не е Бог туку со своите Идоли Ме наскрбија: и Јас ке ги раздразнам со она што не е народ, туку со народ неразбран ке ги наскрбам;
22. зашто оган се разгори од јароста Моја; тој нагорува се до пеколот вечен, ја јаде земјата и житата нејзини, ги изгорува основите на планините;
23. ке нафрлам врз нив зла и ке ги вперам против нив стрелите Мои:
24. тие ке се истоштуваат од глад, ке ги јадат птици и неизлечиви болести, и ке испратам против нив sверски заби и отров од земни влекачи;
25. од оваа страна ке ги погубува меч, а во домовите нивни - ужас, поразувајки младич и девојка и дете доенче и побелен старец.
26. Јас бев рекол: ке ги расеам и ке го избришам споменот нивни ме у лу ето;
27. но го одложив тоа поради озлобеноста на непријателите, за да не живеат долго, се возгордеат, па да речат: "нашата рака е висока, и не го направи сево ова Господ."
28. Зашто тие се народ, што го изгубил расудувањето и нема разум.
29. О, да беа расудувале, помислиле на годините што идат, и да беа разбрале што ке стане со нив!
30. Како би можел еден да гони иљади и двајца десет иљади, ако нивниот Бог не би ги предал, и Господ не би ги дал!
31. Зашто нивните богови не се како нашиот Бог, нашите непријатели се неразумни.
32. Зашто лозјето им е од содомска лоза, а прачките од Гомор; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се горчливи;
33. виното им е змијски отров и смртоносен аспиден отров.
34. Не е ли сето тоа сокриено о Мене? Не е ли запечатено во Моите сокровишта?
35. Kе објавам ден за одмазда, и тоа во она време кога ке им се соблазни ногата нивна, зашто денот на загинувањето нивно е блиску, брзо ке настапи подготвеното за нив.
36. Но Господ ке му суди на Својот народ, и ке се смили над робовите Свои, кога ке ги види ослабени, истоштени и изнемоштени.
37. И ке рече тогаш Господ: "Каде се боговите нивни, на кои се надеваа?
38. Лој од жртвите нивни јадевте и вино од преливите за нив пиевте, камо да воскреснат, па да ви помогнат и да ви бидат покровители?
39. И ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема Бог, освен Мене: Јас уништувам и оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема кој може да земе од раката Моја.
40. Kе ја кренам кон небото раката Моја и се колнам во десницата Моја и велам: - жив сум довека -!
41. Кога ке го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ке им се одмаздам на непријателите Мои и ке им платам на оние што Ме мразат;
42. ке ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ке се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.
43. Веселете се, небеса, заедно со Него, и поклонете Му се, сите ангели Божји. Веселете се, незнабошци, со Неговиот народ и нека се закрепнат сите синови Божји! Зашто Он ке се одмазди за крвта на синовите Свои, ке им се одмазди на непријателите Свои, ке им плати на оние, што Го мразат, и ке ја очисти Господ замјата Своја и народот Свој!"
44. И во тој ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа. И се приближи Мојсеј до народот и ги кажа гласно сите зборово од овој закон пред народот, тој и Исус Навин.
45. Откако Мојсеј ги кажа сите тие зборови пред целиот Израил,
46. им рече: "Внесете ги во срцето сите зборови, што ви ги кажав денес, и заповедајте им на децата ваши, да ги пазат и да ги исполнуваат сите зборови од овој закон;
47. зашто тие не се за вас празни зборови, туку ваш живот, и преку нив ке живеете долго време на земјата, за која одите преку Јордан да ја наследите.‘
48. И во истиот тој ден му зборуваше Господ на Мојсеја и му рече:
49. "Искачи се на планината Аварим, тоа е планината Нево, во Моавската земја, спроти Јерихон, и погледни ја Хананската земја, што им ја давам на синовите Израилеви во владение;
50. и умри на планината, на која ке се искачиш и прибери се при народот свој, како што умре братот твој Арон, на планината Ор, и се прибра при народот свој,
51. затоа што не ги послушавте заповедите Мои пред синовите Израилеви кај водите во Кадис, во пустињата Син, зашто не ја почитавте светоста Моја ме у синовите Израилеви;
52. ти само ке ја видиш земјата, но нема да влезеш таму, - во земјата, што им ја давам на синовите Израилеви."

  Deuteronomy (32/34)