Deuteronomy (3/34)  

1. И се свртивме оттаму и појдовме кон Васан, и васанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, при Едраим.
2. И ми рече Господ: ‘Не бој се од него, зашто Јас ке ти го предадам во раката твоја него и целиот народ негов и целата земја негова, и ти ке направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.
3. И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот васански, и целиот народ негов; и го разбивме него, така што од него не остана никој жив.
4. Тогаш му ги презедовма сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив; шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог васански.
5. Сите тие градови беа утврдени со високи sидови, порти и довратници, освен многуте ферезејсни градови.
6. И ние ги поразивме, како што направивме со Сиона, царот есевонски, уништувајки ги сите градови заедно со жените и децата;
7. а целиот добиток и пленот од градовите го разграбивме.
8. И во тоа врема ја презадовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од онаа половина на Јордан, од потокот Арнон дури до планината Аермон,
9. - Финикијците го викаат Ермон-Сирион, а Аморејците го нарекуваат Сенир.
10. Сите градови во рамнината, целиот Галад и целиот Васан до Салха и Едраим, беа градови од царството на Ог васански;
11. зашто само васанскиот цар Ог остануваше од Рафаините. Ете, одарот му беше железен одар, и сега е во приградието на Амоновите синови: долг девет лакти, а широк - четири лакти, машки лакти.
12. И тогаш ја наследивма таа земја, почнувајки од Ароир, кој е устие на потокот Арнон; а половината од планината Галад со градовите му ја предадов на Рувимовото и Гадовото племе.
13. остатокот, пак, од Галад и целиот Васан, царството на Ог, му го предадовме половината на Манасиевото племе, целата област Аргов, со цел Васан. Таа земја се нарече Рафаинска.
14. Јаир, Манасиевиот син, ја презеде целата обгласт Аргов, дури до пределите Гаргасински, и Махатински, и ги нарече Јаирови села, според своето име, како што се викаат и до ден денес.
15. На Махир му го дадов Галад;
16. а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галад дури до потокот Аронон, земјата ме у потокот и пределот, до потокот Јавок, пределот на Амоновите синови,
17. исто така и Арав, и Јордан, предел од Маханерет дури до морето арабиско, до Соленото Море, под Асидот - Фазга од исток.
18. Тогаш и ви заповедав, велејки: ‘Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја со жреб; сите способни за војна, откако ке се вооружите, појдете пред браката ваши, Израилевите синови;
19. само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (бидејки знам, оти имате многу добиток), нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов,
20. додека Господ Бог не им даде покој на вашите брака, како и вам, и додека и тие на ја наследат и таа земја, кој Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.‘
21. А на Иисуса му заповедав во она време, велејки: ‘Очите ваши видоа се‘, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ке направи Господ и со сите царства, преку кои ке минуваш.
22. Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас,‘
23. И Му се помолив на Господа во она време, велејки:
24. ‘Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква мок, како што е Твојата?
25. Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна гора и Анти - Ливан.‘
26. Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: ‘Доста, во иднина да не ми говориш повеке за тоа;
27. искачи се на врвот на гората и крени ги очите кон морето и кон север, кој југ и кон исток, погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан;
28. упати го Иисуса, поткрепи го и утеши го: зашто тој ке го предводи овој народ и тој ке им го раздели наследството на целата земја, на која ти ке погледнеш.‘
29. И се задржавме во долината близу до домот на Фогор."

  Deuteronomy (3/34)