Deuteronomy (28/34)  

1. Откако ке минете од онаа страна на Јордан, во земјата, која Господ, вешиот Бог, ви ја дава, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите заповеди Негови, кои денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ке те постави погоре од сите народи на земјава;
2. и ке се пренесат на тебе сите овие благослови и ке се исполнат, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог.
3. Благословен ке бидеш во градот и благословен во полето.
4. Благословен ке биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои.
5. Благословени ке бидат житниците твои и оставите твои.
6. Благословен ке бидеш, кога влегуваш, и благословен - кога излегуваш.
7. Господ нека ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ке навлезат тие против тебе, а по седум патишта да избегаат од пред тебе.
8. Господ да ти испорати благослови на твоите плодови и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
9. Господ, твојот Бог, нека те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал тебе и на татковците твои, ако ги извршуваш заповедите на Господа, твојот Бог, и одиш по патиштата Негови.
10. И тогаш ке видат сите народи на земјата, дека името на Господа, твојот Бог, ти е дадено тебе, и ке се уплашат од тебе.
11. И Господ, твојот Бог, нека ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за кои Господ им се беше заколнал на твоите татковци дека ке ти ги даде.
12. И Господ нека ти го отвори доброто Свое сокровиште, небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ке им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем; и ке владееш над многу народи, а тие над тебе нема да владеат.
13. Господ, твојот Бог, да те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, кои ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш,
14. и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш.
15. Ако, пак, не го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ке паднат врз тебе и ке се збиднат сите овие проклетства.
16. Проклет ке бидеш во градот и проклет ке бидеш во полето.
17. Проклети ке бидат твоите житници и твоите остави.
18. Проклет ке биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на стадата овци твои.
19. Проклет ке бедеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
20. Нека ти испрати тогаш Господ скудност, глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш, додека не те истреби, - и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела, зашто си Ме оставил.
21. Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор, додека не те истреби од земјата, во која одиш да ја наследиш.
22. Нека те порази Господ со истоштувања и огнови, со треска и воспаление, со суша, со топол ветер и гламја по житата, и тие ке те гонат додека не загинеш.
23. И небото над главата твоја ке стане бакар, а земјата под тебе - железо;
24. наместо дожд Господ нека и даде на замјата пепел, и земја од небото ке па а, ке па а врз тебе, додека не те истошти, додека не те истреби.
25. Нека те предаде Господ на непријателите твои, за да те поразат; по еден пат ке излезеш против нив, а по седум патишта ке бегаш од нив; и ке бидеш расеан по сите земни царства.
26. Твоите трупови ке станат храна на сите птици небески и на sверовите, и не ке има кој да ги истера.
27. Нека те порази Господ со египетската лепра по домовите, со дива краста и јадеж, од кои не ке можеш да се исцелиш;
28. нека те порази Господ со беснило, слепило и слабоумност.
29. И ке одиш дење со пипање, како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав, и ке бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван, и не ке има кој да ти помогне.
30. Kе земеш жена, и друг ке ти ја земе; кука ке изградиш, и нема да живееш во неа; лозје ке насадиш и нема да го обереш.
31. Телето твое пред тебе ке го заколат, и нема да јадеш од него, оселот ке ти го грабнат, и нема да ти го вратат; овците твои ке бидат дадени на непријателите твои и ке нема никој да ти помогне.
32. Синовите твои и керките твои ке бидат предадени на друг народ; очите твои ке гледаат и ке чезнеат по нив, но нема да имаш сила во рацете свои.
33. Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ке го јаде народ, кого ти не го познаваш: и ке бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови.
34. Kе бидеш избезумен од тоа, што ке го гледаат очите твои.
35. И нека те порази Господ со лоша повреда, во колената и на листовите, од кое не ке можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја.
36. Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои, што си ги избрал, при народ, кого не си го познавал ниту ти, ниту татковците твои, и таму ке служиш на други богови, дрвени и камени;
37. и ке станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи, кај кои Господ Бог ке те одведе.
38. Многу семе ке фрлиш во нивата, а малку ке собираш, зашто ке го јадат скакулци.
39. Лозје ке садиш и ке го работиш, и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него, зашто црв ке го јаде.
40. Малини ке имаш во сите твои предели, но со елеј нема да се помажеш, бидејки маслинките твои ке па аат.
41. Синови и керки ке родиш, но тие нема да останат при тебе, зашто во плен ке отидат.
42. Сите твои дрвја и сите жита на земјата твоја гламја ке ги уништи.
43. Придојдениот, кој е кај тебе, ке се издига над тебе се повисоко, и ти ке па аш се пониско;
44. тој ке ти дава на заем, а ти нема да му даваш на заем; тој ке биде главата, а ти ке бидеш опашката.
45. Kе дојдат врз тебе сите овие клетви, ке те гонат и ке те стигнат, дедека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господа, твојот Бог, и не ги запази заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал;
46. тие ке бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека.
47. Зашто ти не Му служеше на Господа, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во се.
48. ти ке му служиш на непријателот свој, што ке ти го испрати Господ, твојот Бог, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ке ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи.
49. Kе испрати Господ против тебе народ од далеку, од крајот на земјата; како орел ке се спушти народот чиј јазик ти не го разбираш.
50. народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да помилува,
51. и ке го изеде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни елеј, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби;
52. и ке те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки sидови, на кои ти се надеваш; и ке ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде.
53. И ти ке ги јадеш чедата од утробата своја, плотта на синовите и керките свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги даде, во теснотијата твоја и во жалоста твоја, во која ке те стави непријателот твој.
54. Межите и младите при вас многу ке му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале,
55. и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ке ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста, во кои ке те постават непријателите твои во сите твои градови.
56. Жена нежна и млада, убава ме у вас, која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата, со безмилосно око ке гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на керката своја,
57. и нема да им го даде последокот, што излегува ме у бедрата нејзини, на децата, што ги родила; зашто, при скудноста во се, таа ке ги јаде тајно, во притеснетоста во која ке те стави напријателот твој во твоите градови.
58. Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господа, твојот Бог,
59. Господ ке те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни, и со болести лоши и долги;
60. и ке ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ке се залепат за тебе;
61. и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон, Господ ке испрати врз тебе, додека не те истреби;
62. и ке останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и sвездите небески, бидејки не го слушавте гласот на Господа, вашиот Бог.
63. И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ке се радува Господ, кога ке ве погубува, и ке бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш.
64. И ке те расее Господ, твојот Бог, по сите народи, од крајот на земјата до крајот на земјата, и таму ке им служиш на други богови, кои не си ги знаел, ниту ти, ниту татковците твои, на дрво и на камен ке им служиш.
65. Но и ме у тие народи нема да те успокои, ниту ке има место, каде и да стапи ногата твоја; и таму Господ ке го нажали срцето твое и ке прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине;
66. животот твој ке виси пред тебе, и ке се плашиш и дење и ноке и нема да бидеш сигурен за животот свој;
67. од стравот во срцето свое ке се плашиш, и од видот на очите твои, па наутро ке кажеш: "о, што поскоро да се стемни!", а навечер ке велиш: "о, што поскоро да се осамне!"
68. И Господ ке те врати во Египет на кораби по оној пат, за кој што ти кажав: "ти нема повеке да го видиш"; и таму ке бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки, но ке нама кој да ве купи."

  Deuteronomy (28/34)