Deuteronomy (27/34)  

1. Тогаш Мојсеј со старешините на синовите Израилеви му заповеда на народот, велејки: "Пазете ги сите заповеди, што денес ви ги давам.
2. И кога во оној ден ке го минете Јордан во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, како дел, постави си големи камења и обели ги со вар;
3. и напиши ги на тие камења сите зборови од твојот закон, штом ке го преминеш Јордан, за да влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, во земјата, каде што тече мед и млеко, како што им беше говорел Господ, твојот Бог, на твоите татковци.
4. Кога ке го преминете Јордан, поставете ги тие камења, како што ви заповедам денес, на планината Гевал и обелете ги со вар;
5. и изгради таму жртвеник на Господа, твојот Бог, жртвеник од камења; да не ставаш на нив железо;
6. жртвеникот на Господа, твојот Бог, целиот изгради го од камења и принесувај врз него сепаленици на Господа, твојот Бог;
7. принесувај и жртви за спасение, и јади и наситувај се таму, и весели се пред Господа, твојот Бог;
8. и врз тие камења напиши го многу јасно целиот овој закон."
9. Тогаш Мојсеј со свештениците левити му рече на целиот Израил, велејки: "Внимавај и слушај, Израиле: ти денес стана народ на Господа, твојот Бог.
10. И така, слушај го гласот на Господа, твојот Бог, и извршувај ги сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес."
11. И во тој ден му заповеда Мојсеј на народот, велејки:
12. "Кога ке го минете Јордан, овие треба да застанат на планината Гаризим, за да го благословат народот: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Венијамин;
13. а на планината Гевал да застанат за да искажат проклетство овие: Рувим, Гад, Завулон, Дан и Нефталим.
14. Левитите да го известат народот и да им кажат на сите Израилци со висок глас:
15. ‘проклет да е оној човек, што ке направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господа, работа на уметнички раце, па го става на скришно место! Целиот народ да биде известен и нека рече: амин!
16. Проклет да е оној, што го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народ да каже: амин!
17. Проклет да е оној, кој ја поместува ме ата на ближниот свој! И целиот народ нека рече: амин!
18. Проклет да е оној, кој отстранува слеп човек од патот! И целиот народ нека каже: амин!
19. Проклет да е оној, кој криво суди придојден, сиромав или вдовица! И целиот народ нека рече: амин!
20. Проклет да е оној, кој ке легне со жената на таткото свој, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој! И целиот народ да каже: амин!
21. Проклет да е оној, кој ке легне со каков и да било добиток! И сиот народ нека рече: амин!
22. Проклет да е оној, кој ке легне со сестрата своја, со татковата керка, или со мајкината керка! И целиот народ да каже: амин!
23. Проклет да е оној, кој ке легне со тештата своја! И целиот народ нека рече: амин! Проклет да е оној, кој ке легне со сестрата на жената своја! И целиот народ да каже: амин!
24. Проклет да е оној, што ке го убие тајно блежниот свој! И целиот народ да каже: амин!
25. Проклет да е оној, што зема поткуп, за да погуби душа и да пролее крв невина! И целиот народ нека рече: амин!
26. Проклет да е секој, кој не ке ги исполни сите наредби од оној закон и не ке постапи според нив! И целиот народ да каже: амин!"

  Deuteronomy (27/34)