Deuteronomy (26/34)  

1. Кога ке дојдеш во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, и ке ја наследиш и се населиш во неа,
2. земи ги првините од плодовите на земјата твоја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, стави ги во кошница, и оди на она место, кое Господ, твојот Бог, ке го одбере, за да се призива вечно името Негово таму;
3. потоа оди при свештеникот, што се затекол во тие денови и кажи му: ‘денес изјавувам пред Господа, мојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на татковците наши дека ке ни ја даде.‘
4. Свештеникот да ја зема кошницата од раката твоја и да ја стави пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.
5. Ти, пак, одговори и кажи пред Господа, твојот Бог: ‘мојот татко ја напушти Сирија и отиде во Египет и се насели таму со мал број лу е, и од него произлезе таму народ голем, силен и многуброен.
6. И Египтјаните се озлобија на нес, не притиснаа и ни наложуваа тешка работа;
7. тогаш ние Му се пожаливме на Господа, Бог на нашите татковци, и Господ ја чу нашата молба и ја виде бедата наша, маките наши и неволите наши;
8. и не изведе Господ од Египет. Сам со големата сила Своја, со силна рака и со цврста мишка, со виденија големи, со знаци и чудеса,
9. па не доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која тече мед и млеко.
10. И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господе, ми ја даде, земјата, каде што тече мед и млеко.‘ Стави го тоа пред Господа, твојот Бог, поклони се пред Господа, твојот Бог,
11. па развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе, ти и домот твој, ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе.
12. Кога ке ги одделиш сите десетоци од плодовите на земјата твоја во третата година, втората десетина дај ја на левитот, на придојдениот, на сиромавиот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат.
13. Тогаш кажи пред Господа, твојот Бог: ‘изнасобравме се, што е свето во домот мој, и го дадов на левитот, придојдениот, сиромавиот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;
14. во тагата не јадев од нив, ниту одделив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господа, мојот Бог, исполнив се како што ми заповеда Ти.
15. Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој, Израилот, и земјата, што ни ја даде, како што им се заколна на татковците наши дека ке ни ја дадеш, земјата, во која тече мед и млеко.‘
16. Денес Господ, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш сите овие наредби и закони: пази ги и исполнувај ги со сето срце свое и со сета своја душа.
17. Денес си Го избрал Господа, Он да ти биде твој Бог, дека ти ке одиш по Неговите патишта и ке ги почитуваш наредбите Негови и ке го слушаш гласот Негов;
18. и Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што ти рече ако ги почитувате сите заповеди Негови,
19. и дека Он ке те постави погоре од сите народи, што ги создал прочуен, фален, славен, и дека вие ке Му бидете свет народ на Господа, вашиот Бог, како што беше рекол.

  Deuteronomy (26/34)