Deuteronomy (24/34)  

1. Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејки нашол кај неа срамна работа, па и напише писмо за развод, и и го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куката своја,
2. а таа откако ке излеззе од куката негова, се омажи за друг,
3. па, ако и тој маж ја намрзи и и напише писмо за развод, и и го даде во рацете најзини, и ја испрати од куката своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре,-
4. тогаш првиот маж нејзин, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господа, твојот Бог: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
5. Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
6. Никој да не зема во залога ни горен ни долен воденички камен, бидејки таквиот во залог зема душа.
7. Ако биде фатен некој дека украл некого од браката свои, од синовите Израилеви, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од самите себе.
8. При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ке ви го кажат свештениците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал;
9. помни, што и направи Господ, твојот Бог, на Маријам по патот, кога бевте излегле од Египет.
10. Кога ке дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог,
11. туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ке ти го изнесе залогот надвор;
12. ако е, пак, човекот сиромав, да не пренокева залогот негов кај тебе;
13. врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ке ти се смета за милост пред Господа, твојот Бог.
14. Не оставај го без награда бедниот и сиромавиот од твоите брака или од придојдените, кои се во градовите твои;
15. предај му ја наградата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејки тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господа, за да не падне гнев врз тебе.
16. Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
17. Не загорчувај го поминот на придојдениот, сиромавиот и вдовицата, и од вдовица не земај облека во залог;
18. сети се, дека и ти беше роб во Египет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги исполнуваш овие наредби.
19. Кога жнееш на нивата своја во твоето поле и заборавиш сноп на нивата твоја, не вракај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, и сиромавиот, и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои.
20. Кога ги береш маслинките свои, не вракај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиромавиот и вдовицата. Па сети се дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.
21. Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ке остане по тебе: нека остане тоа за дојдениот, сиромавиот и вдовицата;
22. и не заборави, дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.

  Deuteronomy (24/34)