Deuteronomy (23/34)  

1. Оној што е скопен или кастрен не влегува во општеството Господово:
2. ниту син на блудница да влегува во Господовиот храм, ни десеттото колено негово.
3. Амониец и Моавец не смее да влегува во храмот Господов; и дури ни десеттото колено нивно да не влегуваат во храмот Господов, па и довека,
4. затоа што тие не ве престретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Веоровиот син, од Месопотамија, за да те проколне.
5. Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаама и ја обрна Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејки Господ твојот Бог те засака;
6. не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.
7. Не гнаси се од Идумеец, бидејки тој е твој брат; не гнаси се од Египтјанин, зашто ти беше придојден во земјата негова;
8. Синовите нивни, родени во трето колено, можат да влезат во храмот Господов.
9. Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од се што е лошо.
10. Ако кај тебе има некој нечист од нокен излив, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во логорот;
11. а вечерта да го измие телото свое со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.
12. Ти треба да имаш место надвор од станот, каде што ке одиш сам;
13. освен рилец во појасот, ти треба да имаш лопатка; па кога ке одиш таму надвор, ископај со неа земја и потоа покри ја со неа нечистотијата своја,
14. бидејки Господ, твојот Бог, дојде во логорот твој, за да те избави и да ги предаде непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Он кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.
15. Не предавај го робот на господарот негов, кога ке избега при тебе од господарот негов;
16. нека живее со тебе, ме у вас нека живее во секое место, што ке му биде угодно; не го оскрбувај.
17. Блудница од Израилевите керки да нема, и блудник да нема од синовите Израилеви.
18. Во домот на Господа, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, ниту цена од пес, за никаков завет, бидејки и едното и другото се одвратност пред Господа, твојот Бог.
19. Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;
20. на ту инец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.
21. Ако Му дадеш завет на Господа, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ке го побара од тебе и врз тебе ке падне грев;
22. ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.
23. Она што ке излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејки со образ си Му ветил дар на Господа, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.
24. Ако влезеш во нивата на ближниот свој, земи класја во рацете свои, но срп да не земаш.
25. Кога ке влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но не клавај во садови.

  Deuteronomy (23/34)